Социјалните мрежи, како Facebook, Reddit, LinkedIn, Instagram, TikTok, Twitter, YouTube се одлични алатки за социјализација и информирање. Но, често се случува да наидувате на постови за работи кои не ве интересираат или ви предизвикуваат мачнина.
На што точно мислиме? Преку глава ви е од Илон Маск, презаситени сте од крипто валутите, нити сакате да бидете изложени на филмски спојлери нити сакате Facebook или YouTube постојано да ви препорачуваат работи што не се за вас. Згора на ова, одредени постови се од чувствителна природа и тешко ви е кога вие или најблиските ќе наидете на постови за масовни пресметки, воени злочини и слично.
News Feed Sanitizer е екстензија за најчесто користените прелистувачи и преку неа можете да наместите никако да не се прикажуваат постови со одредени таргет зборови. Па така, ако не сакате да дознавате за најразлични крипто настани, преку ектензијата внесете го зборот crypto и нареден пат кога сте на некоја социјална мрежа сите постови со тој збор нема да се појавуваат.
Преку екстензијата News Feed Sanitizer можете да наместите да не се прикажуваат постови со одредени клучни зборови, фрази, односно изрази. На располагање имате две верзии на алатката – бесплатна и платежна. Бесплатната lite верзија ви дозволува да „филтрирате“ пет клучни зборови, односно фрази преку два прелистувачки. Pro верзијата, од друга страна, е без никакви ограничувања, но чини 20 евра годишно.
Во случај да често се наоѓате во ситуација да сте вознемирени од одредени содржини или пак да не сакате вашето дете да биде изложувано на одредени постови, тогаш News Feed Sanitizer би можел да ви помогне да го прочистите хаосот од непотребни работи.