На крајот на јануари Google ја претстави MusicLM, вештачка интелигенција која од зборови креира музика. Корисникот внесува текст опис, поточно параметри, по кои вештачката интелигенција ќе генерира музика. Сепак компанијата во тој период објави дека нема планови да ја направи достапна за корисниците. Едвај неколку месеци подоцна, вештачката интелигенција им е достапна на корисниците.
Една од причините кои беа наведени во оригиналната објава беше дека постои опасност од нарушување на правата на авторите на музиката на која е тренирана вештачката интелигенција. Google забележал дека понекогаш алатката додава делови од заштитен материјал во музиката која ја генерира, пишува TechCrunch.
Во месеците помеѓу, истражувачите работеле заедно со музичари и организирале работилници. Тука требале да им покажат како вештачката интелигенција може да го подобри креативниот процес. По ова, Google направи промени. Сега веќе не може да се генерира музика која ќе звучи како специфичен вокал.
Алатката го прави креирањето на музика исклучително едноставно. Корисникот внесува текст барање и добива песна. Веројатно резултатите ќе бидат подобри кога описот и параметрите ги дава корисник кој има повеќе искуство со креирање на музика. Сепак и без никакво познавање, корисникот може да ја искористи вештачката интелигенција да креира музика. Жанр, инструменти, расположение, емоции, се дел од параметрите кои корисникот може да ги прецизира за конечниот резултат да биде поблиску до она што го замислил.
MusicLM се базира на поширок алгоритам за генерирање на звук – AudioLM. Вештачката интелигенција е тренирана на 280 000 часа музика и додадени и се контроли за креирање на музика. Освен креирање на музика од текстуално барање, вештачката интелигенција може да креира музика врз база на слика.
Најголем предизвик за овие алатки ќе биде да докажат дека музиката која ја генерираат е уникатна, а не спој од музиката на која се тренираат. Неодамна Jay-Z се обиде да отстрани песни генерирани со неговиот глас генерирани со помош на вештачката интелигенција. На пример, обработката на „We Didn’t Start the Fire“ од Били Џоел. YouTube најпрво ги отстрани песните, но откако процени дека барањата се некомплетни, повторно се достапни.
Jay-Z не е единствена жртва на вештачката интелигенција:
Ако сакате да тестирате како функционира MusicLM може да се пријавите на AI Test Kitchen.