TwoDots е нова iOS сложувалка од Betaworks, која го има истиот минималистички дизајн како претходникот Dots. Механизмот на играта е истиот, треба да ги поврзете точките за поени, но за разлика од оригиналната Dots која стана хит поради својата едноставност, TwoDots сега се фокусира повеќе на друштвениот аспект. Играта ве поканува да ги поканите пријателите или, подобро кажано, да ги предизвикате со соберениот број точки. За разлика од претходникот кој можеше да се игра бесконeчно, TwoDots има 85 нивоа за кои имате точно одберен број на точки кои мора да ги соберете, што ја прави играта дополнителен предизвик. И овојпат Betaworks ја следеше својата формула за минималистичка игра со едноставен гејмплеј.
[youtube]aofEC8XRw68[/youtube]







