Apple ќе претстави платформа за Интернет на нештата

Apple на Worldwide Developer Conference (WWDC) ќе презентира софтвер со која домашните светилки, системите за безбедност и куп други уреди ќе бидат контролирани преку iPhone, дозна Financial Times.

Без сомневање за вакви контрола на апарати со поддршка за Интернет на нештата компанијата најпрво ќе треба да ги најави и уредите. Според изворот на Financial TImes компанијата е подготвена дел од овие производи кои ќе бидат поврзани со iPhone да им ги довери на производство на партнери. На пример светилките во куќата би можеле да се вклучат кога корисникот ќе влезе во куќата, доколку корисникот со помош на телефонот го најави своето пристигање. Иако истото би можело да има и поелегантно решение, на пример некое кое наликува на IFTTT (If This Then That), па кога корисникот би се приклучил на домашниот WiFi автоматски да се вклучат светилките.

Друга можност е Apple во паметните уреди да го смести iBeacon кој продавниците ги користат за да детектираат и пингаат iPhone-и. Друга можност е телефоните да комуницираат со уредите преку NFC, но и тие би требало да бидат вградени во уредите.

Не е изненадување што Apple работи на изнаоѓање на метод со кој ќе ги направи домовите попаметни, основачот на Nest кој ги креираат можеби најдобрите уреди со поддршка за „интернет на нештата“ се поранешни инженери токму во Apple. Сепак се чини дека LG, Panasonic, Sony и пред се Samsung имаат огромна предност пред Apple. Овие компании веќе произведуваат најрзличен асортиман на производи: фрижидери, машини за перење, клима уреди, рерни, светилки и куп други производи кои овие компании можат да ги модифицираат како што сакаат, доколку е ова потребно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments