ПоправиМК и Spot Me се победници на Vip Android предизвикот

7 коментари 1 мин. читање

Првонаградената ПоправиМК е апликација преку која корисниците можат да пријават проблем во јавни површини, со слика, коментар и да го означат на мапа.

Второнаградената Spot Me е апликација која користејќи ја локацијата му нуди на корисникот да пронајде ресторани, кафулиња, галерии нудејќи информации за сите збиднувања.

На Vip Android предизвикот основниот критериум беше апликациите да бидат на македонски јазик. Се пријавија 212 апликации и 394 девелопери, што е ветувачка бројка за македонскиот ИТ сцена. Од сите над двеста пријавени, само 83 се реализираа и се закачија на Android пазарот, збогатувајќи го со македонски апликации.

Околу 10-20 апликации од Vip Android предизвикот ќе бидат пре-инсталирани на сите Android телефони од понудата на Vip.

Честитки до сите победници!

ПоправиМК

Spot Me

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top