1 коментар 2 мин. читање 18 септември, 2010

4chan со DDoS напад го сруши MPAA.org и други анти-пиратски сајтови

Според пораката сајтот на AiPlex е срушен од само еден „анон“ (анонимен член), затоа се таргетира mpaa.org, сајтот на организацијата која „до сега го водеше нападот против нашите сајтови, како The Pirate Bay”.

Тоа што го прави 4chan своевиден феномен е креирање на интернет култура но и демонстрацијата на моќ, како овој DDoS напад. 4chan се познат анонимен форум од темната страна на интернетот чии дела се интернет мемињата RickRoll, Pedo Bear… но и формирање на Anonymous групата за онлајн битка против Скиентолошката црква, и кампањи против луѓе што фрлаат мачки во река…

Се работи за анонимни членови кои можат да изреагираат одеднаш, како сега, со огромна реакции и последици… но само ако се соберат заедно и имаат мотивација. Најпознатиот и најдобриот опис на 4chan е тој на англискиот весник Guardian кој вели „тие се лудаци, детинести… брилијантни, смешни и застрашувачки“.

(via Torrent Freak)

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
@CommieArtBOX
15 years ago

You don't mess with the internets

Мени
Заедница
Изглед
To top