Помалку од 5 дена до забраната за TikTok во САД, гасењето поверојатно од било кога


Колку и да изгледаше неверојатно пред неколку месеци, остануваат уште само неколку дена за TikTok во САД. Компанијата е подготвена да се „изгаси“ од пазарот во САД, ако до крајот на неделата Врховниот суд на го блокира законот.

Ова е поригорозно од решение од она кое TikTok требаше да го направи. Законот бараше од компанијата да го забрани преземањето на апликацијата од нови корисници. Корисниците кои веќе ја преземале апликацијата ќе можеа барем некое време да ја користат и во иднина. Со „гасењето“ TikTok ќе биде недостапен за преземање од AppStore и Google Play, но и постоечките корисници нема да може да ја користат друштвената мрежа за споделување на видеа.

Сепак, со одлуката на TikTok целосно ќе биде блокирано користењето на TikTok од САД. Наместо вообичаената содржина, кога ќе ја отворат апликацијата корисниците ќе ги пречека известување за причините за забраната.

На ByteDance му останува уште помалку од една недела надеж дека Врховниот суд ќе ја блокира забраната. Според последните вести можноста Врховниот суд да интервенира не е голема, иако и новиот претседател Доналд Трамп е против забраната. Сепак, барем засега изгледа дека судот ќе ја потврди забраната. Законот ќе стапи на сила на 19 јануари. Ако оцени дека е противуставен Врховниот суд може да го блокира законот во било кое време.

TikTok има околу 170 милиони активни корисници во САД и е една од најпопуларните друштвени мрежи кај помладите. Проблемите за TikTok започнаа во првиот мандат на претседателот на САД – Доналд Трамп, со неговата најава дека ќе го блокира користењето на TikTok во САД ако платформата не биде продадена на американски сопственици. Во 2023 година, Конгресот донесе закон со кој се предвидуваше продажба на американски сопственици или забрана за работа во САД. Официјална причина за забраната е дека TikTok е опасност за националната безбедност.

Во Сенатот на САД се разгледува предлог кој може да го продолжи крајниот рок за стапување во сила на забраната 270 дена.

„Сакам да бидам јасен: TikTok има свои проблеми. Kако секоја друштвена мрежа TikTok претставува сериозен ризик за приватноста и менталното здравје на нашите млади луѓе. Ќе продолжам да барам одговорност од TikTok за таквото однесување. Но, забраната на TikTok ќе наметне сериозни последици врз милиони Американци кои зависат од апликацијата за социјални врски и економска егзистенција. Не можеме да дозволиме тоа да се случи.“, вели сенаторот Ед Марки кој е и предлагач на законот.

Оваа недела се појавија вести дека Елон Маск би можел да го купи американскиот дел на TikTok и да го додаде на веќе постоечката платформа X. Оваа вест брзо беше демантирана и од Маск и од претставници на TikTok.

Photo by S O C I A L . C U T on Unsplash

Користење преку VPN

Корисниците од САД кои сакаат и натаму да го користат TikTok ќе може да ја заобиколат забраната преку VPN. За ова, сепак ќе биде неопходно апликацијата да биде достапна на телефонот. За корисниците на iPhone ова е поголем проблем. Корисниците на Android може да користат .apk да ги инсталираат (sideload) и новите верзии на апликацијата од неофицијални извори. Ова не е сосем безбедно и сепак треба внимание. TikTok е популарна апликација и ако има забрана во САД, веројатно ќе има куп малициозни верзии на различни платформи. Потоа корисникот ќе постави VPN со локација надвор од САД и ќе може да пристапи до содржините на TikTok. Секако, ова треба да се направи преку локација во која TikTok не е забранет.

Веќе има куп видеа кои објаснуваат како да се заобиколи забраната со помош на VPN, како да се промени регионот на продавниците за апликации, и слично.

Најавата дека TikTok самиот ќе се „изгаси“ од САД може да го отежни користењето на VPN за да се заобиколи забраната, иако ова може да е единствено обид да се направи притисок за платформата да биде во поповолна положба во преговорите.

Преземање на целата содржина од TikTok

Креаторите на TikTok ќе им овозможат на корисниците да ги преземат сите свои податоци, но за видеата ќе треба да се помачат. Апликации како Repurpose.io овозможуваат преземања на сите видеа, но не се бесплатни.

Бесплатни сервиси како TOKdownload овозможуваат преземање на видеата преку TikTok Url.

Ако ве интересира како да ги преземете сите свои видеа може да го прегледате овој текст на Verge.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Ann McKenzie
Ann McKenzie
12 days ago

This is a fascinating development. Whether people support or oppose the decision, there’s no doubt TikTok has had a huge influence on online culture and the creator economy.

Snow Rider