Во случај да ви здосади печалење вртоглави суми така што го следите NPC трендот и сакате да создавате професионални и квалитетни видеа со концизни содржини, тогаш следнава алатка би можела да биде токму за вас!
Алатка за создавање совршени видеа
Teleprompter for Video e критички признаена апликација за iOS и Android. Со импресивна оценка од 4.9 на App Store, односно, 4.6 на Google Play, апликацијата ви сервира текст кој оди додека се снимате. Текстот го само вие гледате од екранот, го читате и, со самото тоа, оставате впечаток на гледачите дека зборувате „на памет“, а не дека читате од претходно напишан текст.
За да видеата изгледаат уште попрофесионални, можете да вметнувате во видеата, наслови, текстуално да истакнувате клучни точки, лесно да изберете и наместите да оди тивка музика во позадина додека вие сервирате збор-по-збор, или пак да ја смените позадината пред која се наоѓате. Изобилство од можности, навистина, а по првичниот момент од експериментирање, доаѓате до значително квалитетни видеа кои многу повеќе би биле ценети од вашите YouTube и TikTok следбеници.
Покрај снимање видеа, Teleprompter ќе ви помогне и полесно да извежбате одреден говор каде инстантно добивате увид за вашиот став, движење и начин на зборување. Особено ја препорачуваме и во ситуации кога се бара од вас да испратите видео резиме.
Можете да ја менувате големината на просторот во кој се листа текстот (како и големината и бојата на фонтовите), а за да дојдете до текстот, директно да го пишувате или го префрлувате преку претходно напишан фајл. Потоа, можете и да ја менувате брзината со која „тече“ текстот. Во случај да зборувате на англиски или некој од други понудени 15 јазици, постои опција за интелигентно препознавање на вашиот изговор и во реално време се обележуваат и менуваат зборовите. Македонски, за жал, не е дел од листата.
Користите ли вакви дополнителни алатки или ви се чини дека премногу работа за минимална разлика?