Политиката за приватност на Facebook е спротивно на европските правила

Политиката за приватност на најголемата друштвена мрежа Facebook не е доволна за регулаторите во Европа. Белгиските законодавци велат дека новата политика, oбјавена на 30 јануари 2015 година, нема разлика со претходната практика, туку едноставно е поразбирливо напишана. Сепак, и како ваква е спротивно на европските закони бидејќи не ја почитува приватноста на корисниците.

„Новата политика на Facebook од 30 јануари и овозможува на компанијата да ги следи корисниците преку веб-сајтови и уреди, да ги користи сликите од профилите на корисниците за комерцијални и некомерцијални цели и континуирано да собира податоци за локацијата на корисниците“.

Проблем е што не е доволно објаснето како се обработуваат личните податоци кои Facebook ги „позајмува“ од корисниците. На пример, нејасно е користењето на сликите во комерцијални цели, пример дали се користени единствено за спонзорирани стории, социјален маркетинг или станува збор и за нешто повеќе од ова.

„Facebook остава премногу товар на своите корисници. Очекуваат од нив да проверуваат по Facebook за секоја опција која може да биде исклучена. Основната поставеност на Social Ads на пример е посебно проблематична“, велат од Центарот за интердисциплинарно право на Универзитетот Леувен кој ја направи анализата.

Од друштвената мрежа за The Next Web велат дека сметаат дека новата политика за приватност и нејзиниот текст е доволен за задоволување на постоечките закони насекаде. Сепак досегашната пракса на ЕУ покажува дека кога е правото на приватност во прашање и правата на корисниците, регулаторите се навистина ригорозни во нивното имплементирање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments