Google најави дека ќе воведе промени во Google Store, Google Play Store, Google Hotels и Google Flights. Промените ќе овозможат поголема транспарентност и појасни информации за корисниците. Со ова услугите ќе бидат во согласност со законите во Европската Унија. Google во 2021 година се согласи да ја поддржи Мрежа за соработка за заштита на потрошувачите (Consumer Protection Cooperation Network).
Промените во Google Flights и Google Hotels ќе им помогнат на корисниците лесно и јасно да забележат во кој случај услугите доаѓаат директно од Google, а во кој случај се само посредници. Ако се објавени попусти, ќе мора да биде објавена и референтната цена. Во случај на Google Hotels ќе мора да има и објаснување дека прегледите на платформата не се проверуваат.
За Google Play Store и Google Store ќе мора да бидат јасно објавени цената на испораката, право за повлекување, како и достапноста за сервисирање и резервни делови. Покрај ова, ќе треба да бидат објавени и дополнително информации за компаниите, вклучувајќи ги имињата, адресите и контакт информациите. За Play Store ќе треба да има разјаснето како да се прелистуваат верзиите на платформата за други држави. Компаниајта ќе треба и да ја поправи достапноста на апликациите за различни држави во Европската Унија.
„Дури и денес, речиси три години по почетокот на KОВИД-19 пандемијата и карантините, сведоци сме на сè поголем број потрошувачи кои користат Интернет за да го резервираат својот одмор, да купат или да се информираат со преглед. Потрошувачите во ЕУ имаат право на јасни, целосни информации за да можат да направат информиран избор. Обврските преземени од Google се чекор напред во оваа насока. Го повикуваме Google целосно да се усогласи со Регулативата за гео-блокирање, осигурувајќи дека потрошувачите можат да ги уживаат истите права и пристап до истата содржина, каде и да се во ЕУ.“, вели комесарот за правда Дидие Рејндерс.
Конечно мора да биде отстрането и гео-блокирањето во Европа. Клиентите на Google од Европа мора да ги имаат истите права и да имаат пристап до иста содржина било каде во Унијата. Google се обиде да најде оправдување во тоа што на своите клиенти еднаш во годината им овозможува да ја променат локацијата. Сепак, овие промени може да запрат пристап до веќе купена или претходно достапна содржина. Ова не е во согласност со Законот за гео-блокирање во Европа.
Засега е нејасно дали овие промени ќе бидат воведени глобално, или единствено во Европа. Во моментов нема краен рок за имплементација на промените.