Секоја обид да за мултитаскинг, или вршење неколку работи истовремено, завршува со намалена ефикасност, вели Ирл Милер, невролог од MIT, во текст за Guardian. Тој вели дека истражувањата покажуваат дека нашиот мозок не е направен за мултитаскинг и затоа не е ефикасен во правање на повеќе работи одеднаш, всушност како последица на ова се јавува зголемен стрес.
„Ние не жонглираме со многу топчиња во воздухот како експерт-жонглери, далеку послични сме до лош жонглер со чинии кој постојано се фокусира од една на друга чинија, постојано менувајќи од една задача на друга, игнорирајќи ја чинијата која е пред нас, но постојано грижејќи се дека може да падне во секој мемент. Иако сметаме дека завршуваме повеќе работи, иронично мултискастингот не прави понеефикасни“, вели г. Милер.
Мултитаскингот го зголемува лачењето на кортизол, хормон кој предизвикува стрес, но и на адреналин, па оваа комбинација може да предизвика ментална магла и некофокусирано размислување. Ова предизвикува допамин-зависност, со што се наградува мозокот за падот на концентрација.
Појавата на мултитаскинг не е претеран новитет, но еден релативно нов уред значително ја зголемува потребата од мултитаскинг – тоа е паметниот телефон. Паметниот телефон овозможува достапност насекаде, информации насекаде, проверка на пошта насекаде, но истовремено и одвлекување на вниманието насекаде. Пред само десетина години кога ѕвонеше телефонот, ние го игнориравме кога бевме зафатени или го исклучувавме телефонот. Сега почесто одговараме на телефон, па макар тоа да е и „не можам сега да зборувам, зафатен сум“.
Истражувањето на професорот Глен Вилсон покажува дека доколку знаете дека имате електронска пошта, а се обидувате да завршите некоја задача вашиот ефективен IQ паѓа за 10 поени. Професорот Рас Полдрак, откри дека мултитаскинг додека учите предизвикува информациите да одат во погрешен дел од мозокот. Без одвлекување на вниманието информациите одат во хипокампусот каде се организира и категоризира, при одвелекување на вниманието овие податоци одат во стриатум регион специјализиран за нови процедури и вештини.
Можеби подобро следниот пат кога ќе мислиме дека мултитаскингот ни заштедува време, најдобро ќе биде да престанете со правање се одеднаш, и да се фокусираме на најважниот проект, а потоа чекор по чекор да ги завршуваме останатите обврски. Многу повеќе информации за ова можете да прочитата во текстот на Guardian.