Pixel Bazaar: Продажба од љубов кон пикселите, не од пари

Pixel Bazaar, создаден во 2012 година, за основачот Златко Најденовски беше повеќе од обична веб-страница за продажба на иконки. Златко ја креираше оваа платформа со визија да стане пазар на сите видови дигитални креативни ресурси – илустрации, темплејти, плагини, па дури и 3D елементи и електронски книги. Веб-страницата беше одговор на желбата да се понуди едноставен и транспарентен начин за купување дигитални ресурси без месечни или годишни претплати. За неговите корисници, Pixel Bazaar беше пријатна алтернатива во светот на претплатнички модели, овозможувајќи им на корисниците да купуваат еднократно.

„Во буквална смисла означува пазар на пиксели“, вели Најденовски. „Го купив доменот како таков иако во почетокот продавав претежно иконки. Но, целта беше да стане пазар на сите видови креативни дигитални ресурси.“ Преку последниот редизајн на pixelbazaar.com, Златко се обиде да го прошири опсегот на платформата, опфаќајќи поширок спектар на дигитални креации.

„Ваквиот brand positioning не е ништо ново, ниту пак иновативно, но е доволно опширен за да има побарувачка. Единствената клучна разлика е што PixelBazaar е оној пазар на пиксели каде што купувачите не заглавуваат во месечни или годишни зачленувања, а купуваат ресурси како еднократна сума. Мислам дека ова е добредојдено во време кога скоро секоја веб страна ги заклучува креативните ресурси позади членство, иако муштеријата дошол токму поради таа една, да речеме, илустрација.“

Со текот на времето, Златко почувствувал дека пазарот на иконки се менува. „За среќа влегов во вистински момент, кога иконки се продаваа како алва, и тогаш го доживеав најголемиот раст,“ објаснува тој. „Но, во последните години профитот ми опаѓаше, што е очекувано, и сфатив дека време е да го пензионирам моето профитабилно хоби.“

Интересно е што Златко го продаде своето „најомилено и најпрофитабилно хоби“ со потполно спокојство. „Мислев дека ќе бидам емотивно поврзан со Pixel Bazaar, но на мое изненадување, го продадов спокојно. Бидејќи осетив дека новиот сопственик не го купува само за пари, туку има голема страст кон овој niche,“ сподели Златко.

Продажната цена беше $7,000 – бројка која можеби не делува импресивно, но Најденовски нагласува дека таа не е клучна за приказната.

„Бизнисчето беше во умирачка фаза, а иконките беа продавани на илјадници муштерии,“ вели тој. „Сепак, од 2012 до 2019, Pixel Bazaar ми помогна да го купам мојот стан со помош на пасивниот приход и ми даде време да прошетам малку низ светот. Гледано од тој аспект, е успешна приказна“.

Златко се повлекува целосно од Pixel Bazaar. Тоа не значи дека нема да го фати желба да направи нов сет на икони. Сепак, не планира повторно да гради бренд поврзан со креативни ресурси. „Ако градам нешто ново, не верувам дека би било поврзано со иконки и илустрации, а поврзано со зборови. Еден мал hint кон нешто што експериментирам деновиве,“ додава тој.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments