PayPal по само три дена повторно ја прекина услугата со која овозможуваше во Србија да се примаат пари. PayPal, кој е во Србија веќе година дена дозволува плаќање преку сервисот, но не и примање на пари. Услугата беше стартувана и веднаш прекината бидејќи проблем прават финансиските законите во Србија кои оневозможуваат прием на средства во странски валути, вели Startit.rs.
„За жал мора да ве известиме дека поради непредвидени проблеми, опцијата за примање на пари нема повеќе да биде достапна. Бидете убедени дека веќе работиме на решавањето на овие проблеми. За сега, од вашиот PayPal профил нема да можете да примите уплати поради финансиските регулативи на вашата земја кои мора да ги почитуваме“.
Се чини дека проблемот што српскиот закон не предвидува прием на финансиски средства во странски валути може да се надмине ако PayPal да го додаде динарот на листата на валути со кои посредува. Слични решенија има за руската рубља, чешката круна, турската лира и неколку други валути. Народна банка на Србија негираше дека се работи за проблеми од нивна страна, велејќи дека размената на девизи помеѓу граѓаните пада на одговорност на граѓаните, не на PayPal, што претставува проблем.
Како што претпоставувате граѓаните на Србија не се задоволни од одлуката на PayPal. Дел ја обвинуваат компанијата бидејќи вовела сервис кои не е во согласност со законите во државата, но добар дел ја обвинуваат Народната банка на Србија и државните органи за неспособност за воведување на промени кои се важни за е-трговијата.








Па кај е Балкан за Е-Трговија,научени сме да работиме на комунистички начин затоа што нашите финансиски закони се напраени од некои Титовци па што се против технологијата и све поврзано со тоа
јас повлекувам пари и од skrill и од paypal на наша картичка, само што иде побавно на skrill, додека на paypal иде за 2-3 дена
Јас пробувам со месеци не е можно, само може да плаќаш од картичка за некој производ не и да ти испратат пари. Македонија и Србија ги немаат овие закони оти немат поминато низ процесот на преговори со ЕУ.
Знам за тоа, мислев на нашите закони, дали и кај нас кога ќе дојде време ќе имаме проблеми?
Не сум експерт за тие финансиски закони, тоа треба да се провери на долго и широко, иако верувам дека ќе го имаме истиот проблем како и Србија бидејќи досегашната пракса покажа дека копираме закони од соседните земји.
Веќе и го имаме проблемот. Има некој од вас успешно повлечено средства од PayPal или Skrill од први наваму?
А кај нас како е?
Се уште сме во првата година, односно македонските корисници можат само да плаќаат преку PayPal.