0 коментари 2 мин. читање 20 октомври, 2014

iMac со Retina е исто толку комплициран за поправање како и претходните модели, вели iFixit

Новиот iMac со 27-инчен Retina 5K дисплеј дојде до рацете на iFixit кои имаа можност да го расклопат и да го презентираат на препознатлив начин. Во „кутијата“ од 65х51.6cm и тежина од малку под 10 килограми е сместена целата опрема. Едно од прашањата кое остана неодговорено на пресконфернцијата на Apple е „кој е производителот на дисплејот?“ По отворањето дознавме дека 5K дисплејот со 5120х2880 доаѓа од LG. Во моделот кој го расклопи iFixit ги пронајде сите најавени делови за основниот модел. Новиот iMac има 3.5GHz четир-јадрен Intel Core i5 процесор со Turbo Boost до 3.9 GHz, и за прв пат може да се конфигурира со 4GHz четири јадрен Intel Core i7 процесот со Turbo Boost на 4,4GHz. Секој iMac со Retina 5K дисплеј доаѓа со AMD Radeon R9 M290X графичка карта или AMD Radeon R9 M295X, која овозможува до 3,5 терафлопи пресметкувачка моќ, и е најмоќната графичка карта досега понудена на iMac. Остатокот е стандарден за iMac: 1TB Fusion диск, 8 GB RAM, Thunderbolt 2 порт.

Што се однесува за поправката, која е можеби и основна причина iMac ја задржува оценката од претходниот модел, 5/10. Предност е што најголем дел од хардверот е во модули, па лесно се менува, корисниците и сами можат да го променат RAM-от, а може да се замени и хард-дискот и процесорот. Недостаток е што стаклото и дисплејот се „залепени“, проблематична е и замената на лепливата лента за која e потребна поголема вештина.

[youtube]TLJN4S5nJ6E[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top