PayPal и подобар МАРНет во 2012-та, вели ИТ министерот Ивановски

во Интервјуа, ИТ.МК

Иако Македонија е спремна уште од 2008-ма година (според изјавите на МИОА), сепак поради економската криза PayPal ќе дојде во првиот квартал на 2012-та, вели министерот за информатичка технологија Иво Ивановски во интервју за Кајгана.

„Последниот официјален допис што го добивме од ПејПал е дека во првиот квартал на 2012 Македонија ќе биде вклучена во нивниот систем. Ние сме во постојани разговори со нив, но одлуката е нивна. Од нашата страна влегувањето на ПејПал беше овозможено уште во 2008-ма, но поради економската криза, нивната одлука беше да не се инвестира во надградување на нивниот систем во наредните години.“

Интересно, ИТ министерот го избегна прашањето зошто македонската агенција за регистрирање на .мк домени веќе една година не успева да претстави нов правилник за регистрација и не успева да ја либерализира регистрацијата на домените.

Наспроти конкретен одговор, министерот Ивановски скромнo посочи дека „владата на РМ донела одлука“ и дека подобри услуги ќе има во 2012-та.

„Во однос на МАРнет, имајќи ги во предвид проблемите со кои што се соочуваа граѓаните на РМ, кога МАРнет беше дел од УКИМ, Владата на РМ донесе одлука да се оформи нова институција со цел да се задоволат овие барања и да се подобри овој сегмент од пазарот. Во текот на 2012 граѓаните ќе добијат подобра услуга од МАРнет по теркот на развиените домен регистратори.“

Нови ветувања и лажни прогнози или овој пат вистинска најава и резултат на вложен труд и многу работа… ни останува да видиме. За да го прочитате целото интервју, следете го следниов линк.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
8 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Goran
Goran
13 years ago

Јас си плаќам со ПејПал, Незнам како ми ја забиколиле картичката, изгледа зошто ситно нарачувам од ebay.

Dsource
Dsource
13 years ago

ka I da e ke bide

Сајбер Трајан
Сајбер Трајан
13 years ago

како беше онаа епизодата од к15 „сто години на иста финта ги лажам“… ?

член на форумот
член на форумот
13 years ago

мене ме интересира што бидна со форумот? и тој да не стана како PayPal муабетите!?

Koki
Koki
13 years ago
Гостин
Гостин
13 years ago

Јас како што чув има проблем со македонски закони, имено наш жител неможел да има банкарска сметка во странство, затоа сметка на paypal е (демек) нелегална. Колку изворов ми е во право баш ме интересира….

Стефан
Стефан
13 years ago
Reply to  Гостин

Епа ај тогаш пола население да ги затвориме зошто имаат сметки у странство.
Не ти чини изворот ич.

VixxA
VixxA
13 years ago

Со господ напред… :D