Вашиот HP Laserjet е потенцијална бомба!

Истражувачи од универзитетот Колумбија во САД тврдат дека откриле нов начин да експлоатираат компјутерска сигурносна грешка преку која можат вашиот принтер да го претворат во вистинска бомба. Истражувачите тврдат дека преку далечински пристап и лажна софтверска надградба, може да се пристапи до принтерот и освен што може да се украдат доверливи податоци преку него во целата мрежа, може да се предизвика и физичка штета преку палење на принтерот.

“Проблемот е што ИТ компаниите воопшто не внимаваат на овој дел од интернетот. Но ние го правиме тоа за нив,” изјави професорот Салваторе Столфо од универзитетот Колумбија, кој е главен и одговорен за ова истражување кое е помогнато од неколку федерални институции и додаде дека “истражувањето околу ова е кристално јасно. Последиците се огромни. Овие уреди се потполно отворени и достапни за експлоатација. Ова е исто како да продавате кола без да ги дадете и клучевите за заклучување на колата, воопшто не е безбедно.”

Според ова истражување, до грешката се пристапува преку едноставна наградба, и потребна е помалку од минута за да се хакира таа надградба, а досега тие не пронашле анти-вирусен софтвер кој може да го пронајде и поправи ова.


Истражувањето е вршено на HP Laserjet принтери, но не се исклучува можноста дека и многу други принтери се ранливи.

Експерти од разни сигурносни компании се чудат зошто HP не користи дигитални сертификати и потписи за да ја потврдат веродостојноста на надградбата.

“Принтерите доста долго се најслабите и најискористувани точки во корпоративните мрежи. Луѓето не сфаќаат дека принтерот е всушност уште еден компјутер во мрежата и ги има истите сигурносни проблеми како и секој друг компјутер.” вели Мико Хипонен, директор на истражувачкиот центар на компанијата F-Secure, чија главна дејност е компјутерската сигурност.

Според статистиките на HP, кој продава принтери уште од 1984 и е лидер во оваа индустрија со 42% пазарен удел, досега се продадени над 100 милиони LaserJet принтери.

Доколку имате LaserJet принтер, не паничете веднаш, но сепак во прва прилика пронајдете си нов принтер или пак поставите против-пожарен апарат до принтерот. :)

Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Аман од паника
Аман од паника
11 years ago

Де брее…. " Доколку имате LaserJet принтер, не паничете веднаш, но сепак во прва прилика пронајдете си нов принтер или пак поставите против-пожарен апарат до принтерот. " Види сила некој да ти го залапи принтерот дома па нов да треба да купуваш. Башка ако е толку сериозен проблем сигурно HP ке исфрлат нов firmware каде ке се затвори безбедносниот пропуст. купувањето на принтер и ставање противпожарен апарте последно решение, немојте да дигате паника непотребно.

Сашо
Сашо
11 years ago

Дечково заборавил да спомне дека принтерите имаат термичка заштита која нема врска со фирмверот.

Kosta Dinev
Kosta Dinev
11 years ago

Само да не му текне на некој терорист да отвара печатница :)))

Filip Taskovski
11 years ago

Дајте линк од видео, ако постои. Сакам да видам како екплодира. :D

види ги сите огласи на kariera.it.mk