<Надополнето 07.09.11>: Бројни корисници од Македонија, Србија и Русија добија порака од PayPal дека имало грешка и дека сервисот нема да дојде во овие земји оваа година. Повеќе на следниов линк – PayPal (можеби) нема да дојде во Македонија на 24 септември?
</надополнето>
Крале од форумот на GSM.mk сподели линк кој води на страната на PayPal каде Македонија е во листа на земјите кои можат да примаат и праќаат пари преку PayPal.
Сé уште нема официјално соопштение за ова од МИО, ниту на почетната страна на PayPal може да се избере Македонија како регион, но од споделениот линк се гледа дека PayPal од 24 септември воведува некои измени во наплаќањето на надоместок за трговија меѓу земјите. Во тие листи се наоѓа и Македонија, која е ставена во групата „Europe II“.
PayPal го очекуваме веќе неколку години, а нестрпеливоста околу него е што со PayPal се отвараат границите за полесно да се префрлуваат пари, полесно да се вршат уплати и да се примаат пари преку Интернет. PayPal функционира на таков начин да користејќи само имејл и платежна картичка може да си направите мала уплата на PayPal сметка, и потоа каде и да сте на интернет, каде се прифаќа PayPal, ќе може едноставно да си купувате од веб сајтови или да префрлувате пари меѓу PayPal корисници и меѓу PayPal и банка.
PayPal не наплаќа за трансфер на пари, но зема мал процент ако некој ви уплати пари, иако зависи од различни услови при пренос и уплата. На споделената листа, која ја вклучува и Македонија, е одредено колку зема PayPal од трансакциите меѓу земјите.
Коментари
32 коментари
Коментарите се затворени.