Два македонски тима ќе се обидат на Europe Startup Weekend Battle во Лондон да ги импресионираат можните инвеститори со своите мобилни апликации. Едниот тим се победниците на Startup Weekeend од Скопје, кои се уште немаат креирано стартап, ќе ја презентираат нивната Pocket Discount апликација за купување по супермаркет, а вториот тим се стартапот CodeWell коj победи на неодамнешното Europe Startup Weekend Battle натпреварување на Facebook каде се презентираа концепти за мобилни апликации.
На тоа натпреварување Codewell победи со освоени најголем број гласови за Trawell, апликација која е туристички водич користејќи локација и проширена реалност.
Предизвикот сега кај двата тима е што сега ќе треба нивните концепти и започнати апликации да ги реализираат и претстават како што треба во лондонското финале за да го привлечат вниманието на инвсетиторите.
„Навистина сме многу пријатно изненадени од овој успех, не дека не верувавме во себе и својот прозивод, но навистина е убаво кога и ќе добиеш признание за тоа. Учеството во Лондон претставува одлична можност за нас како компанија да ги понудиме своите производи пред инвеститорите и да ги убедиме во нашите можности, капацитетите и креативност“, вели Нино Карас и Мартин Анчевски од CodeWell.
Двата тима се со поддршка од ПСМ Фондацијата, која најави дека следниот Startup Weekend во Скопје ќе се одржи на 11- 13 ноември 2011.
Интересно. И двате тима се на codewell, а случајности не постојат :)