Паметна пумпа за наводнување ќе ги брани македонските бои на финалето за иновации во Краков

Проектот на македонските студенти Димитар Миновски и Кристијан Ѓорѓески е избран да оди во Краков, Полска, на финалето на Конкурсот за иновации на Deutsche Telekom за 2014-та година. Од 39 проекти кои се пријавија на локалниот конкурс, жирито го избра проектот на студентите за пумпа за наводнување на соларна енергија која ќе може да се регулира преку интернет. Идеја зад пумпат, велат студентите, трнала од тоа да им се заштеди времето на земјоделците и да се автоматизира наводнувањето.

„Системот за наводнување е замислен да функционира преку специфицирани алгоритми во зависност од замјоделските култури, односно нивната потреба за вода. Алгоритмот ќе одлучува кога и колку ќе наводнува врз основа на временската услови како што се температурата и влажноста на воздухот, залихата на вода и параметри за временската прогноза“, објаснува Димитар. „Тоа што сакаме да го постигнеме е постојана интеракција помеѓу корисникот и системот, и интеграција на целото знаење стекнато од сите независни инсталирани сензори се со цел изнаоѓање на најоптимален и најдобар начин за наводнување на одредена култура“.

Пумпата освен што користи сончева енергија, е и паметен систем кој ќе може да се контролира преку мобилна и веб апликација. Преку овие апликации, земјоделците, зависно од што одгледуваат, ќе добиваат извештаи за што е сработено и ќе ја набљудуваат работата на пумпата, со опции да го вклучат и изгасат наводувањето. Со секое користење, системот ги учи постапките со цел да понуди попаметен начин на работа.

„Конечната цел со пумпата е еколошко решение за намалување на трошоците на земјоделецот во поглед на работна сила и време, преку автоматизација на системот и далечинско наводнување“, вели Димитар.

Победниците од Краков, каде што финалистите ќе добијат менторство и совети како да го развијат стартапот, ќе се појават на „Долгата ноќ на почетниците“ на 6 септември во Берлин, и ќе добијат можност да се вклучат во меѓународни програми за стартапи и да дојдат до инвестиција вредна од 150.000 евра.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments