Tesla Model S е доказ дека иднината им припаѓа на паметните автомобили

Можеби не е целосно точно дека Tesla со своите возила самостојно ги претстави електричните автомобили на патиштата, но нивниот Model S и основачот на Tesla Motors, Илон Маск, се меѓу најзаслужните за се поголемата популарност и свест за новите електрични возила. Не за џабе Oatmeal во рецензијата на својот Tesla Model S го нарече „магичен вселенски автомобил“.

Автомобилот е дизајниран од Франц фон Холцхаусен кој пред Tesla Motors работеше и во Mazda и Volkswagen. Автомобилот целосно се произведува во Фримонт, Калифорнија, а во фабриката во Холандија се произведува единствено алат со кој се составуваат возилата. Tesla Model S доаѓа со батерија со најголем капацитет (60 и 85 kWh) во споредба со конкурентите, што овозможува возилото да може да помине речиси двапати повеќе пат помеѓу полнењата во споредба со конкуренцијата или 335 километри (при брзина од 120-139 km/h). Погонот на автомобилот е трифазен електричен асинхрон мотор од 270/310 kW, и е предвиден за брзина до 210 km/h, со забрзување од 0 до 100km/h за 4,2, односно 5,4 секунди во зависност од моделот. Системот за управување со моторот е составен од фрекфентен преобразувач со кој се овозможува и регенеративно кочење, што значи дека при забавување дел од енергијата се враќа во батеријата.

Тоа што е најинтересно е што хаубата на возилото е всушност празна бидејќи моторот, базиран на изумот на Никола Тесла од пред стотина години е доволно мал за да биде скриен. Возилото, бидејќи користи електричен мотор, е безшумно, што може да направи проблем за пешаците кои се навикнати на гласни звуци за да препознаат автомобил. Често кај електричните коли се додава вештачки звук на работа на моторот за да го наговести доаѓањето, и да го држи возачот буден.

Tesla Model S доаѓа со два дисплеја – првиот е 12,3 инчна контролна табла на која може да се видат податоци за брзината, потрошувачката и други детали, а втората е 17 инчен екран на допир кој претставува помошна командната табла. Дисплејот овозможува контрола на комуникацијата, условите во внатрешноста, контролите во возилото, навигација преку Google Maps, пристап до интернет, телефон и медија фајлови. Инфопанелот доаѓа со Tegra 3D процесор од Nvidia.

Присуството на паметна технологија се забележува уште однадвор. Автомобилот може да ги скрие кваките на бравите, а кога сопственикот се доближува до возилото сензорите го забележуваат и ги осветлуваат кваките. Model S автоматски стартува кога ќе ги детектира присуството на клучот и тежината на возачот на седиштото. Речиси секој апект на возилото може да се контролира од помошниот панел, а засега мал недостаток е што не може да се инсталираат дополнителни апликации, но можно е во иднина Tesla Motors да го отворат својот помошен панел за девелоперите.

[youtube]6HtlmNzqQdo[/youtube]

Tesla Model S доаѓа со апликација за паметен телефон со која корисникот може да ја провери локацијата на возилото преку GPS или апликацијата овозможува и проверка до каде е полнењето на батеријата. Слично како кај Nest корисникот може да ја користи апликацијата да ја вклучи климата и да ја нагоди посакуваната температура.

Најголем недостаток на возилото засега е што со него ќе мора да го планирате патот според местата каде што може да ја наполните батеријата. Дури и во САД каде им мрежа на Tesla supercharger полначи, кои го полнат возилото за дваесетина минути, се уште има оставено непокриени зони, односно зони без полначи. Целио САД би требало да биде покриен со Supercharger-и до 2015 години.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk