1 коментар 1 мин. читање

Ова се двете македонски игри кои се играат со алтернативни контролери

Rhubber Man и Galaxy Glitch се двете игри кои ги направија учесниците на Alt Ctrl Game Jam од Македонија. Сите игри од Alt Ctrl Jam можете да ги видите на сајтот и да гласате за нив, по што ќе биде избран и победникот.

Rhubber Man e endless defender во која играчите се во улога се разбира на Rhubber Man на кој треба да му помогнат во одбраната од непријателите кои доаѓаат од четирите агли. За среќа тој има четири раце па играчите управувајќи со нив треба да го одбранат од напаѓачите. Играта е дело на Андреја Поповиќ, Мартин Антовски, Бојан Филиповски, Станислав Голочевац и Ана Здравкова.

[youtube]z61GVRZs1VU[/youtube]

Во Galaxy Glitch играчите треба да ги соберат деловите од универзумот кој недостасуваат, притоа спасувајќи го светот. Играта е наменета за играње со паметен телефон кој играчот го прицврстува на раката и со помош на акцелерометарот го контролира авионот. Играта е дело на Кристијан Трајковски, Мартин Пупков, Марко Зарев, Димитриј Мијоски и Тоше Николов.

[youtube]GAfth4mhBSc[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top