0 коментари 2 мин. читање 24 септември, 2014

Steam доби редизајн со подобра персонализација

Доколку од вчера сте го посетиле сајтот на Steam, тогаш најверојатно веќе забележавте дека најголемата продавница за видеоигри има редизајниран сајт. Промените се направени за корисниците да можат да добијат што е можно поперсонализирано искуство.

Oтсега почетната страна ќе ви нуди игри во зависност од тоа што сте купиле досега, но уште поважно, игрите кои ќе ви ги нуди платформата ќе бидат и во зависност од тоа колку време поминувате играјќи некоја игра. Па така овојпат понудените наслови ќе бидат порелевантни за купувачите. Новитет е и опцијата „Discover“ која нуди десетина игри по ред за кои играчот би можел да биде заинтересиран и веднаш може да определи дали ќе го следи насловот, ќе го додаде на листата на желби или ќе одлучи дека не е заинтересиран.

Новитет е функцијата „куратор“ за која може да се пријават сите корисници, а нивна задача ќе биде да им препорачуваат игри на корисниците. Засега Steam нема да ги наградува кураторите но во иднина ова би можело да се промени.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top