Како директорт за човечки ресурси на Google кој има прегледано над 20.000 резимеa во својата кариера, Лазло Бок е можеби вистинскиот човек кого треба да го послушате кога се работи за грешките во вашите CV-ја. Во пост на LinkedIn, г. Бок ги потенцираше најчестите грешки кои се појавуваат постојано во резимеата кои се доставуваат до Google, каде често аплицираат и по 50.000 кандидати во една недела.
„Единствената цел на резимето е да ве доведе на интервју. Толку. Не му е задача да го убеди менаџерот да каже ‘да’ за вас (затоа служи интервјуто) или пак да биде вашата животна приказна (затоа е брачниот другар со трпение)“.
Во постот се наведени 5 критични грешки кои се појавуваат „барем една на резимеата на половина од вас“, туку се и грешки кои им се познати на работодавачите и често водат кон „одбивање на интересни кандидати“. Еве ги грешките кои ги наведе г. Бок. Прегледајте ги и преправете го вашето CV.
- Грешки во пишување. Во 2013-та година е измерено дека дури 58 од резимеата имаат грешки во пишувањето. Најчесто им се случува на тие што постојано го преправаат CV-то. Ова иако е очигледна грешка и лесна за исправање, сепак е критична бидејќи работодавците ги гледаат овие мали грешки како немање око за детали, што значи дека кандидатите не се грижат за квалитетот. Совет е да се прегледа резимето од доле нагоре, бидејќи промена на редоследот ќе го подобри фокусот на секоја линија текст. Или пак дајте го резимето на некој друг да го прочита.
- Должина. Правило е резимето да има по една страна за секои десет години искуство. Не претерувајте со предолги CV-ја бидејќи работодавачите нема да ги прочитаат. Јасно и кратко сумирано резиме всушност покажува дека знаете да се фокусирате на најважното.
- Едитирање на текстот. Ако не аплицирате за дизајнер или артист, тогаш резимето не треба да ви биде прекомплицирано. Треба да биде едноставно, чисто и лесно за читање со најмалку 10-ка фонт. Бела хартија со црни букви. Снимете го во PDF за да биде прегледно на сите платформи.
- Доверливи информации. Ако сте имале договор со компании да ги почитувате доверливите информации, или пак да не откривате што сте работеле, тогаш не се ни обидувајте да најдете дупка во правилата за да покажете дека сте одличен кандидат. Откривање на доверливи информации покажува дека не сте сериозни и дека работодавачот може да очекува да ги откриете и неговите тајни.
- Лаги. На лагите не им е место во резиме. Повеќето луѓе лажат од дипломирање, претходното искуство и колку долго биле во компанијата, до тимовите со кои работеле и нивните резултати во продажба. Лагите 1) можат да бидат откриени бидејќи на Интернетот има референци и контакти 2) лагите ќе ве следат секогаш…
Ова се грешките со кои ќе си го уништите резимето, вели г. Бок. „Не ги правете бидејќи работодавачите ги бараат најдобрите луѓе за работа, и бидејќи повеќето резимеја ги имаат тие грешки, вашето ќе биде резимето што ќе се истакне“.







