Основачите на Imgur, Gjirafa, и други експерти се дел од гостите на Seavus Incubator

во ИТ.МК

Image Courtesy of Seavus Incubator

Една од најголемите ИТ компании во земјава, Seavus, организира пред-акцелераторска програма за технички стартапи, а како ментори во неа ќе се појават основачот на популарниот сајт за хостирање слики Imgur.com, Алан Шаф, како и Еди Демај, основач на албанскиот портал Gjirafa кој доби 2 милиони долари за дигитализација на Албанија и Косово,  Корентин Кремет од Microsoft кој е организатор и на Startup Weekends и Себастиан Етел, претставник на Leoni – производител на кабли. Покрај овие звучни имиња во програмата ќе бидат вклучени и домашни предавачи како Кристина Цветанов, финансиски директор и Татјана Бошевска, директор на ИТ операции во Seavus.

14125611_1069193736509281_879727714378126526_o

Како претставници од инвестицискиот свет, ментори на програмата ќе бидат Ивана Станковиќ од инвестицискиот фонд South Central Ventures кои што пред недела дена ја објавија и својата прва инвестиција во македонскиот стартап Letz и Дарко Бутина од Netcetera.

Наменета за стартапи, тимови и претприемачи кои работат во областа на информациските технологии, пред-акцелераторската програма ќе се одвива во текот на осум недели и има за цел да обезбеди вештини и знаење кои ќе им помогнат на учесниците да направат прототип, да пласираат производ на пазарот или да го финансираат својот бизнис.

Програмата, која е ко-финансирана од Seavus и ИМЕ програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка е бесплатна за избраните учесници. Повеќе детали за програмата ќе пронајдете тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments