Seavus организира програма за технички стартапи кои се во рана фаза од развојот. Програмата трае осум недели, и во секоја недела ќе биде разгледувано различно прашање.
Ограничувањето е дека сепак Seavus бара технички стартапи за оваа програма. Програмата нуди интензивен развој на идејата; тренинг и менторство; меѓународни ментори кои ќе се вклучат во програмата; пристап до seed-фондови; простор за работа; и контакт со претприемачи со слични проблеми. Seavus и IME Programme ќе ги покријат сите трошоци на стартапите, па за заинтересираните учеството е бесплатно.
Темите кои се опфатени во „курсот“ се клучни за стартапите во рана фаза. Па така опфатени се: стратегија и бизнис модел; развој на тимот; маркетинг и бренд; продажба; финансии; кодирање и оптимизација. Во последнaта нeдела е предвидено учесниците да се претстават пред инвеститори.
Стартапите кои се најпожелни, иделно би работеле во некоја од следните области:
- Интеренет на нештата
- FinTech
- Решенија за јавен превоз
- здравствени апликации
- е-Влада
- Осигурување
- Недвижности
- Мобилно плаќање
Пријавувањето е отворено до 1 септември и заинтересираните може да се пријават тука. Програмата започнува на 16 септември и ќе се одржи во просториите на Seavus Incubator во Скопје.