Мало човече кое ве гушка за еден долар. Ова беше идејата на The Dollar App која Иван Медо Димоски ја направи пред три години со амбициозна надеж дека ќе направи милиони долари oд милион симнувања. Планот за жал не успеа, но неодамна доби пофалба од корисничка од Јужна Дакота која вели дека апликацијата секојдневно го гушка нејзиниот тригодишен син.
„Направив истражување и увидов дека после сите тие години на маркетот уште нема апликација што во принцип е слатки човечиња што те гушкаат, па решивме сето ова професионално да го реализираме“, вели Иван.
Конечниот производ се Ooshies, анимирани графики од човечиња и карактери кои менуваат позадини на Android екранот, со сезонска позадина и временска прогноза. Апликацијата, која е во отворена бета и достапна за тестирање, ќе биде со freemium модел, односно бесплатните човечиња и анимираните позадини ќе се отклучуваат со задачи, преку споделување на друштвени мрежи, рејтинг на Google Play и покани на пријателите, што е стратегија да се искористат слатките човечиња за да се направи апликацијата вирална. Во иднина, ќе се внесат in-app купување на пакети на човечињата, што ќе ја направи апликацијата самоиздржилива. Засега трошоците се од џебот на тимот предводен од Иван Медо Димоски, Android програмер; Душко Јовановски, Java програмер и дизајнерот Верица Пиперовска.
Иван е еден од креаторите на TweetsPie, наградувана македонска апликација за Twitter. Но, вели дека искуството со TweetsPie со кој маваа стартап натпревари за финансии, го натерало да го смени бизнис пристапот со Ooshies и ќе таргетира странски пазари.
„Овој пат ќе имаме различен пристап од TweetsPie, ќе одиме на стартап настани чисто како промоција. Нема да бараме инвеститори бидејќи така се губи компакноста на тимот и се усложнува процесот на донесување одлуки. Добар дел од маркетингот иницијално ќе се одвива преку социјални мрежи (Facebook и Google) и тоа за С.Америка, З.Европа и Австралија. Во зависност како ќе се популаризира апликацијата ќе ја шириме целната група и во останатите делови (пр. Tweetspie стана многу популарна во Саудиска Арабија, нешто што не можевме иницијално да го предвидиме)“.
Но, иако е за странските пазар, сепак тимот направи интересно оoshie со лавот на ВМРО за македонските корисници. Ако сакате да ја пробате апликацијата, таа е достапна во отворена бета, па може и да споделите фидбек до креаторите.
Лабуди и лабудки!
Ова е моето ново бебенце: http://t.co/GLgPstjlMk
Пријавете се со мејл да добиете бета покана! <3
— Медо (@MedoDimoski) November 6, 2014









Po glupo neso, AMIN! A da se fatite da napraite neso pointelegentno ko za promena?!