Првата Reus игра излезе пред повеќе од деценија. Уште во 2013 година, играта доживеа огромен успех и критичарите ја истакнуваа креативната и уникатна механика која природно го надградува God Game жанрот. Reus 2 излезе пред неполн месец и успеа целосно да ја засени првата игра и за извлече импресивни 97% позитивни рецензии.
Со мала помош од боговите
Како и во оригиналот, така и во Reus 2 започнувате на пуста планета. Благодарение на моќните џинови кои ја опкружуваат планетата, ќе можете да го обликувате светот и да креирате целосни екосистеми. Со ново-настанатите ресурси, ќе се овозможат солидни услови за напредување на човечките цивилизации. Ова можеби делува едноставно во теорија, но знае да биде предизвикувачко во пракса, особено кога ќе се земе во предвид кршливата и непредвидлива природа на луѓето.

Секој од шесте џинови кои ви стојат на располагање се одликуваат со уникатни способности и создаваат разнолики биоми, односно области. Во зависност од тоа кој џин – која област создал, луѓето ќе можат соодветно да се прилагодат и правилно да ги искористат билките, животните и минералите. Во овој оддел, строго се препорачува здрава доза на експериментирање, за да се види кои комбинации најдобро одговараат на моментните потреби и цели на човечките цивилизации.

Life always finds a way!
На почетокот, би можеле лесно да бидете одвратени од Reus 2. Невообичаените механики бараат одредена доза експериментирање и прилагодување и од вас – играчот. Но, доколку и пристапите со отворен ум и со релаксирачка цел, играта полека ќе почне да се отвора и да ги покажува бројните комплексни, но крајно забавни слоеви.
За брзо време, ќе почнете да гледате „математички“ на клучните механики и да пробувате да заклучите кои се најдобри комбинации. Но, во сржтта на играта, Reus 2 сепак е специфична инди игра која бара специфична публика. Токму поради тоа, доколку уживавте во првата игра, продолжетокот се чини како задолжителна лектира.

Reus 2 се одликува со:
- Забавни механики за управување на целиот свет и гледање како се развиваат цивилизациите според ваши претходно донесени и реализирани одлуки
- Едноставна, но шаренолика графика која разиграно ги прикажува суптилните анимации и на џиновите и на луѓето од вашите цивилизации
- Соодветна музичка подлога и звучни елементи кои создаваат релаксирана, божествена атмосфера

Повеќе детали за играта
- Произведува: Abbey Games
- Издава: Firesquid
- Жанр: God Game
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- ќе излезе на: 28 мај 2024








[…] што го обликуваат светот. За играта првично пишувавме тука, а и го имавме задоволството да поразговараме со […]
Божји моќи