Blade Prince Academy e симпатична, но комплексна тактичка RPG игра со впечатлива наративна основа

Blade Prince Academy е една од многуте успешни кампањи на Kickstarter. По собирање на потребните средства во јуни 2023 година, развојното студио Angel Corp не губеше време во засукување на ракавите и реализирање на нивната визија.

Она што гејмерите ќе пронајдат во Blade Prince Academy е аниме-инспириран дизајн на светот во кој преовладуваат значајни roguelite механики и длабок фокус на градење односи помеѓу ликовите со кои управувате.

Angel Corp е француско развојно студио кое специјализира и во развивање игри и во издавање книги поврзани со Tenabrae универзумот

Blade Prince Academy одржува интересен баланс помеѓу приказната и битките.

Од една страна, вие управувате со невообичаени ликови од академијата и сте задолжени да им помагате да имаат добри оценки, да градат и одржуваат пријателства и да ги искористат нивните уникатни способности за да го спасат светот. Звучи како приказна прилагодена за помладата публика, но навистина не е така; многу моменти, особено одредени разговори знаат да носат огромна тежина и да бидат особено ценети од сите.

Како пасивен дел во играта, академијата ви е достапна помеѓу мисиите за да можете да ги организирате хероите да учат нови вештини, да се дружат и да одмараат. Пред секоја мисија, потребно е да ги организирате вашите херои, да дознаете што отприлика би можело да ве очекува за време на мисиите и соодветно да го опремите тимот со корисни способности.

Секој од хероите има уникатни способности, но и слабости. Додека дознавате кој херој како најдобро може да биде искористен, подетално ќе се запознавате и со нивната лична приказна и ќе гледате како се вклопуваат со останатите членови.

Тактичка нирвана

Штом навлезете во одредена мисија, Blade Prince Academy се управува како модерна изометрична игра во која успешно се комбинира real-time со team-based акција, со можност за паузирање на играта и стратешко организирање на хероите. Сево ова – под чадорот на цврсто воспоставени правила кои се карактеристични за roguelite жанрот.

Благодарение на интегрираниот систем со флуидно замрзнување и одмрзнување на времето, можете внимателно да го процените теренот на кој се наоѓате, етапно да го испланирате движењето и нападите и потоа да изведете импресивна реализација на сите наредби.

Ваква комбинација од механики е одлично осмислена и апсолутно уживавме во истражување на сите способности кои се кријат во хероите и бројните начини на кои може една способност да се потпомага со друга, се со цел да се понуди визуелен приказ на импресивна тимска работа.

Уникатни херои со разнолики способности и впечатливи лични приказни кои мајсторски градат основа за одличен наратив.

Иако сметаме дека на приказната можело дополнително да се работи, она што го има, особено личните интеракции и градење односи, е повеќе од доволно.

Поради тоа, топло ја препорачуваме Blade Prince Academy на сите оние кои бараат солидна roguelite акција со напредни стратешки можности и уникатни херои.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Angel Corp
  • ИздаваFiresquid
  • Жанр: тактичка RPG игра
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 7 март 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments