Лошата пракса на Adobe предизвика компанијата да има исклучителни лош период. Одделот за правда на САД отвори судска тужба против Adobe поради скриени трошоци и отежнување на откажувањето на претплатата.
Компанијата е обвинета дека ги крие дополнителните трошоци за прекин на претплатата од корисниците и со тоа ги „задржува“ во скапи претплати, пренесе Verge. Adobe своите претплатници ги претплаќа на најскапиот модел без јасно да им ги прикаже целосните планови за претплатата. Голем дел од договорите Adobe ги крие скриени во линкови и дополнителни скриени текст полиња. Истовремено на претплатниците не им се јасно прикажани дополнителните трошоци од предвременото прекинување на претплатата.
Ако претплатникот се одлучи да ја прекине претплатата процесот не е едноставен. Треба да се префрла од една на друга страница, да затвора различни попап (pop-up) прозорци за на крај да го „пречека“ трошокот за предвремено прекинување на претплатата. Овие скриени трошоци може да достигнат стотици долари.
Прекинувањето на претплата не е поедноставно ниту за оние корисници кои ќе се одлучат да ја прекинат претплатата и директно по телефон да ги контактираат Adobe. Често овие повици престануваат или се прекинуваат без да има никаква разрешница. Кога корисникот ќе се јави повторно, треба да објаснува сѐ од почеток.
Оваа пракса ги нарушува правата на потрошувачите и е спротивна на законот констатира Одделот за правда.
Дека не станува збор за тривијален проблем најдобро покажува секцијата со коментари на објавата на Verge. Десетици читатели ги споделуваат своите искуства, и тоа како и самите биле жртви на дополнителните трошоци.
Секако, станува збор за условно понова пракса на Adobe. Компанијата пред 2012 година го продаваше софтверот, оттогаш Adobe, Illustrator, InDesign и куп други се достапни исклучиво во претплата.
Adobe и правилата за користење
Тужбата во САД е само еден од проблемите на Adobe. Компанијата пред десетина дена најави промени во правилата за користење и предизвика гнев кај корисниците. Делот кој за голем дел од корисниците на алатките на Adobe беше најголем проблем се однесуваше на промена која на Adobe ќе му овозможи автоматски и мануелен пристап за подобрување на: услугите, софтверот и на корисничкото искуство.
Ако компанијата мислеше на ова, тоа не беше во речникот кој го искористи во правилата за користење. Наместо ова пишуваше: „Појаснување дека може да пристапиме до вашата содржина преку автоматизирани или мануелни методи, на пример за преглед на содржината“. Дел од корисниците го сфатија ова како дозвола за користење на илустрациите кои ги прават за тренинг на вештачката интелигенција на Adobe.
Компанијата подоцна објасни дека нема тренирање на вештачката интелигенција Firefly од податоците на корисниците, и за ова се користи исклучиво лиценцирана содржина. Сепак, дел од корисниците веќе почнаа да се колнат дека никогаш повеќе нема да користат софтвер од Adobe.
Оваа недела треба да излезе ревидиран текст на правилата за користење на софтверот кој треба да појасни во детали зошто Adobe бара пристап до креираната содржина.







