Сигурно нема да знаеме како ќе изгледа новата генерација на iPhone додека не го објават од Apple, но некако во последниот период се почесто стана предвременото доаѓање до информациите и нивно објавување на интернет.
Имено, iLab Factory објави слики на кои можеби е прикажан најновиот iPhone кој се очекува да го видиме на есен, додека пак Macotakara го објави видеото од истиот на кој може да се види новиот iPhone.
Исто така, и Gizmodo уште пред два месеци го објави видеото од ETradeSupplys со некои интересни податоци за изгледот на iPhone. А од тоа што можеме да го видиме од сите три извори, сите се поклопуваат.Како и да е, точно на есен ќе знаеме дали овие извори се во право и дека така ќе изгледа новиот iPhone кој се очекува да биде објавен на 12 септември, додека во продажба ќе излезе на 21, според iMore.
[youtube]AyOqeDfJueM[/youtube]
[youtube]8XY841RAY4Y[/youtube]








NAJMUTAV IPHONE DOSEGA ! ! !
ps.ako izgledat vaka