Објавен кодот и 2.0 верзијата на Поправи.мк

во ИТ.МК

Поправи.мк е веб сервис преку кој граѓаните можат да пријават општествен проблем, пример скршена клупа, ѓубре, дупки на патишта и други проблеми кои можат да се означат на мапа, да се дадат детали, и сите информации да бидат препратени до соодветната општина. Aпликацијата е победник на Vip Android предизвикот.

Новата 2.0 верзија донесува офлајн режим за пријавување на проблемите на мобилната Android апликација, како и преглед на нови коментари и можност за промена на статус за пријава, додека веб апликациајта сега има посебна страна за секоја општина, можност за праќање на пријави до опшитните, графички приказ на пријавите, RSS фидови за пријавите и приотеризирање на пријавите според гласови.

Кодот ќе биде презентиран денес (12.05.2011 во 19 часот) на состанокот на ruby.mk во Хаклаб КИКА.

(via Фондацијата Метаморфозис)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Vladimir
Vladimir
15 years ago

Мене ме интересира дали постои увид во тоа колку и кои проблеми општините ги решиле… Бидејќи ако луѓето само пријавуваат, а никој не реагира, тогаш (едностраното) користење на сервисот нема поента.

види ги сите огласи на kariera.it.mk