5 Android игри и 5 апликации кои се на попуст

Имате Android паметен телефон, но не и забавни игри и корисни програми кои нема да направат дупка во вашиот буџет? На вистински место сте! Овие апликации нема засекогаш да се продаваат по оваа цена, така да доколку видите нешто што ви се допаѓа, зграпчете го веднаш.


5 игри кои се на попуст

Класична RPG игра која се препорачува само за екрани чија големина е над 7 инчи. Феноменална, долга и крајно комплексна игра со впечатлива приказна, ликови и локации. Фановите на култниов класик никако не би требало да ја заобиколат и Icewind Dale: Enhanced Edition, која исто така е на попуст.

Управувајте со SWAT тим низ 80 мисии и преку користење 65 оружја. Акцијата е во реално време, со можност за паузирање во критичните ситуации. На попуст е и Door Kickers: Action Squad.

Се работи за чистокрвна експанзија за популарната The Quest, која исто така е на попуст. Проширувањето ви дозволува да истражувате огромни нови области, зандани и градови, да се соочите со нови чудовишта и да разрешите бројни нови квестови. Не мора да ја имате основната игра за да ја играте експанзијата.

Од главниот дизајнер на Monument Valley, доаѓа трогателно патување за врската на две искрени души. Дали ќе им помогнете да се зближат, или пак целосно оддалечат? Феноменална приказна раскажана на уникатен начин.

Battle Chasers: Nightwar – 210 денари

Turn-based авантура која е скроена според JRPG урнекот и ви дозволува да истражувате зандани со 6 херои, да се борите со предизвикувачки непријатели, да создавате корисна опрема и многу повеќе!


5 апликации кои се на попуст

Доколку ви треба дигитрон со запрепастувачки висок број од напредни функции Scalar Pro ќе ви дозволи да извршите најразлични математички операции на брз и ефикасен начин.

Апликација која ќе ви помогне да го трансформирате вашиот телефон во пренослив скенер. MDScan брзо ги дигитализира вашите документи, а OCR поддршката ви дозволува она што ќе го сликате автоматски да се префрли во word документ кој дополнително може да се менува и надополнува.


Diseases & Disorders – 45 денари

Добијте увид во најразлични здравствени проблеми кои вие или вашите најблиски би можеле да ги искусуваат. Покрај информации за симптомите, ризиците, компликациите поврзани со болеста, добивате и совети за најразлични третмани, но секогаш е најдобро да се консултирате со лекар.

Одлична апликација за читање дигитални книги која поддржува бројни формати и нуди напредни можности за читање и интеракција со насловите.

AR GPS Compass Map 3D Pro – 50 денари

Дигитален компас во проширена реалност? Зошто да не! Оваа апликација ви дозволува преку вашата камера да бидете водени со дигитален компас и да добивате најразлични податоци како географска широчина, должина, брзина, надморска височина, број на сателити. Можете да ја мерите висината на високите објекти, како згради, дрвја и слично.


Тоа беа апликациите кои успеавме да ги ископаме за вас. Читајте нè и понатаму за да дознаете кои Android апликации и игри се привремено целосно бесплатни!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] post 5 Android игри и 5 апликац&#… appeared first on […]