Уште во далечната 2005 година пишував за наметнувањето на софтвер од определен производител за да може софтверот за плати да работи (ФПИОМ може ли да ми подариш 60 евра + ДДВ?), а во февруари 2010 год. се навративме на темата преку ЦРМ (Централен регистар на Македонија = Комплетна зависност од еден понудувач).
Во врска со првиот случај, софтверот за плати, Слободен софтвер Македонија заедно со фондацијата Метаморфозис испрати допис до надлежните институции (Соопштение до медиумите за софтверот од ФПИОМ. Одговор никогаш не добивме, а софтверот сѐ уште се користи. Во меѓувреме направивме и вики страница каде што секој може да ги прибележува ваквите примери.
Неколку ИКТ политики, стратегии и акциски планови подоцна, еве сме на истата точка, овој пат за друга електронска услуга што ја нуди извршната власт во Р. Македонија. Според (ограничените) информации што се достапни, софтверот што треба да го користат лекарите во Македонија работи само на оперативни системи на Microsoft, и тоа не на сите оперативни системи направени од овој производител. Како доказ еве слика од страницата на Фонд за здравствено осигурување на Македонија.
Секој што малку следи што се случува на пазарот на оперативни системи знае дека Windows XP повеќе не се продава, така што сите се принудени да купат верзија на Windows 7, чија професионална верзија се продава за речиси 150 евра.
Мразам да ја правам оваа математика, но ете, вие сте лекар, имате пациенти, тие имаат електронски картички, вие мора да имате читач, а имате стар компјутер на кој Windows 7 не може да работи, или користите GNU/Linux или Mac OS X или… и морате да потрошите куп пари за лиценца за Windows 7 и можеби за хардвер за тој да работи.
Најлесната споредба на зависноста од еден понудувач со не ИКТ светот е оваа: сите имаме здравствени книшки од хартија. Зависност од еден понудувач во случај со нив би бил кога лекарите би морале да користат пенкала од само еден производел за да напишат тоа што треба да напишат во здравствената книшка.
Никој не би помислил дека вакво нешто може да се протне во хартија-и-пенкало светот. Но, во дигиталниот свет сѐ е можно…
Се убо кажано али се оди во вода штом ќе се погледни сликата на Google Chrome(кој не е слободен софтвер туку е само бесплатен сега за сега). Се додека некои личности(како авторот на текстов) се промовираат себеси како заштитници на слободниот софтвер а во реалноста промовираат софтвер од компании тешко дека нешто ке се промени.
Од корисник на СЛОБОДЕН СОФТВЕР
chromium не chrome http://code.google.com/chromium/terms.html
Исто ти се фаќа… парите за развој идат од google. A google инвестира се додека има интерес, сепак е компанија која работи за пари ;)
ad-hominem: https://en.wikipedia.org/wiki/Ad-hominem
Сигурно нема да ти речам браво…
Се додека некои личности (како тебе) коментираат на памет, без да проверат за што се работи, тешко дека нешто ќе се промени у државава. :)
Chromium е слободен софтвер издаден под BSD лиценцата, во листата понатаму ги имаш сите други лиценци од компоненти кои што се користат во софтверот.
lmgtfy: http://code.google.com/chromium/terms.html
Слободен викаш а? Викаш google не го диктира развојот? Извини брат али како да ти кажам… НЕ ТИ ВЕРВАМ lol
Лиценцата има мало влијание ако компанија диктира што ке се развива.
ако google утре прекине да го развива chromium може да си напраиш форк и да продолжиш да го развиваш, во секој случај целиот код е достапен во моментот кога ќе решат да го направат тоа. ако не ми верваш, прочитај.
еве ти го кодот, зачувај го у случај google да решат да не заебат :) http://src.chromium.org/viewvc
еве моеш да му напраиш checkout и од git repository: http://code.google.com/p/chromium/wiki/UsingNewGi…
ти земи си го… мене шо ке мие lol
Само да не испадни муабетот ко OpenSolaris(од CDDL до Discontinued преку ноќ).
И ти со отворена уста камион да помини… *Тешка е твојата судбина arangel*
Искрено не очекував волкава расправа на оваа тема.
Пријатно сум изненаден.
Како информација за сите Лinux-саши, Зегин е спремен да даде убава сума на пари за портирање на апликацијата.
Целиот овој „бизнис“ најверојатно е заматен од бившиот директор на ФЗО, слушнав дека неговата фирма (или блиска до него) е единставниот изработувач на овој софтвер.
Дополнително, на оваа картичка треба да се наоѓаат единствено основните податоци на осигуреникот, слично како и на кредитните картички, се останато, т.н. е-картон е друг проект (ИЗИС) кој колку што знам е „до никаде“. Така нашата нова картичка ќе биде само замена за плавите картони
Се додека некои личности (како тебе) коментираат на памет, без да проверат за што се работи, тешко дека нешто ќе се промени у државава. :)
се извинувам сакав да му реплицирам на коста и погрешка отиде дел од стариот одговор. Инаку сакав да пишам дека изработувач на софтверот е хрватска фирма, можеш да го провериш тоа во copyright фајлот на софтверот.
Има ограничување иту како. Во врска со драјверите, побарав на интернет и скенерите за картички сигурно работат на Linux на официална страница има драјвери. Програмата пробав со wine ама не работи ама и да работи не можи пошто и самата лекарска комора прави ограничувања. Програмчето за картиците е само за Windows кое го даваат без пари:) Од друга страна фондот за здраство за спомнува некоја апликација за интернационално здравство паралелно на проектот електронска картица, која што исто ќе ја добијат бесплатно и се вика Medicus.Net ( по примерот на Словенска апликација е мислам ) е веб базирана апликација, а сепак во потребна конфугурација која се спомнува некоја минимална конфигурација која што за веб базирана апликација не е потребна и секако лиценциран Windows по можност Windows 7 professional од причина што лекарската комора во соработка со Microsoft македонија и министерството за здравство воведува таканаречен "e-directory" со што ќе се овозможело полесно информирање на лекарите за новите софтверски решенија. За оперативниот систем пишува дека се препорачува овај иако по горенапишаното се гледа дека е задолжителен :)
@Petar, Medicus.Net е едно од повеќето решенија (значи не е единствено!!) на кои работат матичните лекари во Хрватска и воопшто не е бесплатно, додека кај нас Министрството за здравство сакаше да ја наметне за работа кај ситематични лекари како дел од проектот ИЗИС ….
Ок е статијата ама се извлекуваат заклучоци базирани на скриншот од веб страна и неточно се генерализираат работите. Како прво Windows 7 не мора да чини 150 евра. Има и доста поефтини верзии. Како второ ако драјверот работи на Windows 7, тогаш во 90% од случаевите работи и на Windows Vista. Трето, Windows XP сеуште може да се купи.
И како петто, господа имате лекарска комора, па ви бе замолил поплаките и незадоволствата да ги изразите таму. Со жалење по медиуми нема што да постигнете.
@Дејан Соколоски
drugar oni sakaat win 7 enterprise editionn koja cini 150€, mnogu bi sakal da znam zosto e toa taka, home verzijata na windows XP i win 7 e vo toa shto nema moznost za mrezno povrzuvanje vo domain controler okolina, a znaeme deka vo makedonija odvaj bankite imaat i rabotat vo domain okolina.
vtoro: ti da ne rabotish vo FZO ?
Не работам за ФЗО. Обичен граѓанин сум на кој ми е преку к*р да слуша како лекарите кукаат за разноразни работи, а од друга страна услугата е на 0 (НУЛА).
Па и да е 150 евра Windows 7, нека го купи. Како што јас морав да воведам хасап стандард, нови фискални и ред други глупости, можат и тие да инвестираат во својот бизнис.
Мислам дека постои driver за линукс за електронската здравствена картица… и мислам дека не треба да се бара многу со оглед на тоа дека аптеките на ЗЕГИН работат под линукс околина но секако тоа ќе треба да се провери или праша некој од надлежните таму…
читачот и веројатно работи на GNU/Linux, тука проблемот е апликацијата која што е развиена само за една платформа и не работи под GNU/Linux (пробано со wine).
Електронската картичка на ФЗО е тотално промашување и тоа:
1. Застарена технологија која работи на чип и која мозе да собере 256kb меморија, ова можеше да биде на магнетна лента како кредитна картичка и да информациите да се чуваа на серверска страна а не на самата чип картичка. Мн ме интересира кој го одобрил овој тендер и зошто?
2. Тимот што го води овој проект се тотални аматери и ИТ не-удицирани, работата ја добиле само затоа што се многу години во фондот а не дека имаат знаење во тоа што го работат.
веб базирана апликација би била најидеалното решение, но како ке прават нови тендери?
256kb може се малку или недоволно – но мене лиќно многу повеќе ми се допаѓа моите лични податоци да си седат кај мене во џеб, а со тоа и да знам кој кога им пристапува.
купишта приватни (и сензитивни) податоци да стојат таму на некој сервер во министерство воопшто не ми личи како добра идеја.
@Damjan,
ziti se? pa kade da sedat ako ne vo min. za zdravstvo neli si kup bolen be brat? toa li e zenzitivna informacija za tebe? na kogo mu e gajle dali si retardiran imash rak ili leukemija? sto ako ja izgubish kartickata a si imal dolga dijagnoza so godini? koj ke te lechi togas a?
@АЛЕКСАНДАР, ако можеш да најдеш некои дополнителни информации за тоа дека имало апликација за Убунту или пак ако ја чуваш апликацијата некаде би било супер за да може уште подобро да се склопи аргумент против ваквата пракса. Фала.
@nnovica Вака, кога почнаа од влада да бидат сериозни за казните одма сите почаа да купуваат лиценци за XP кои Anhoch ги нудеше, а беа приближно иста цена со 7-мица. Но сепак студирам на елетро и одма ги исконтактирав од CodEx компјутери (codex.com.mk) дали софтверот им работи на било која линукс дистрибуциа. Ми рекоа дека работат на Ubuntu верзија. Но нели секој работи да заработи и они направија инсталација на Ubuntu во која веќе беше стаен софтверот и го продаваа со доживотна лиценца од 6000 денари. Но таман да уплатиме ја повлекоа понудата со образложение дека има пропусти многу во софтверот (или пресметале дека заработката ќе им се преполови). Мислам дека на службениот маил имам преписки со нив, ако го пронајдам може да исконтактираме ќе ти ги приложам сите разговори.
Поздрав
Апсолутно точно. Ист случај како Александар, имав со татко ми кој е лекар. Најдоброто решение според мене би било да се направи веб базирана апликација. Во тој случај на лекарите ќе им треба само веб прелистувач, а целата база ќе биде достапна кај Фондот. Со ова и лекарите ќе се ослободат од обврската да ги поднесуваат извештаите до Фондот на USB (до пред скоро ги носеа на дискета…)
Веб апликација да, ама ако биде во посед на ФЗО како што предлагаш нема ли пак да се
вратиме на монополот кој е спомнат во главниот текст ?
Според мене идејата за интероперабилност што моментално е buzzword за владата сепак може овде да се примени, потребно е државните институции (ФЗО) само да ги изготви и објави протоколите и механизмите за размена на информации, а пазарот да остане слободен.
Веб базирана е добра идеја, но ај направи анализа и види колку од лекари во своите ординации имаат интернет пристап. Треба 100% од нив да имаат интернет врска за да ова би функционирало. Иначе и јас сум за веб базирана апликација која полесно можи да се одржува.
@Горан Апсолутно се сложвам.
Незнам колку посто да кажам дека си во право. Мајка ми е здравствен работник и кога почнаа со ова софтвериве ај прво пират XP и се си фураше. Ама почнаа да фураат казниве и тие што го нудеа софтверот им кажав "Дајјте инсталација (верзија) која работи на Убунту, Минт итн итн". И за 2 недели направија верзија која "работеше" која ја повлекоа поради некои си дупки. И после ова следеше ланеч трошоци за нов хардвер и лиценца за Win 7 од 7000 (professional) за да работат како што треба.