Nvidia објави детали за првиот 64-битен Android процесор

Nvidia го најави првиот 64-битен Android процесор кој е во класа на дел послаби Haswell процесори за десктоп. Denver ќе биде достапен пред крајот на 2014 година и за првпат ќе дојде во Tegra K1 SoC, во кој ќе бидат впарени две Denver јадра и 192-јадрен Kepler графички процесор.

Податоците кои доаѓаат од Nvidia велат дека според перформансите Denver не само што ќе ги надмине ARM-Android процесорите, туку ќе го надмине и Apple-овиот A7. Всушност процесорот е толку брз што го надминува и Celeron Haswell процесорот, кој, иако е помеѓу најслабите процесори кој доаѓаат со оваа архитектура, сепак е десктоп процесор. Новиот Android процесор од Nvidia во еден циклус може да изврши 7 инструкции во циклус, што е повеќе дури и од шестте на 64-битниот Apple A7 кој е вграден во iPhone 5S. Јадрата доаѓаат со 128KB L1-cache и 64 KB L1-data cache. Во Tegra K1 процесорите ќе дојдат со 2МB L2-cache. Работната фреквенција на Denver јадрата е 2.5GHz. Процесорите се прилично големи кога станува збор за преносни уреди, па засега нема ниту збор за четири јадрен процесор.

[youtube]IqqBIi6y-Gc[/youtube]

Сепак тоа што е клучно за перформансите, e што процесорот може динамички да го оптимизира кодот додека работи, да ги раздели сложените инструкции во поедноставни кои побрзо се извршуваат, притоа овозможувајќи нивна повторна употреба доколку е тоа потребно, зачувувајќи ги најчесто употребуваните во „Optimization Cache“. Според процените на Nvidia, ова ги забрзува пресметките два пати, па јадрата се побрзи од прикажаната фрекфенција. На сите бенчмарк тестови Tegra K1 64 има подобри перформанси од останатите процесори и во голем дел од случаите резултатите не се ниту блиски. Исклучок е Celeron 2955U кој сепак е десктоп процесор. Најголемата предност на процесорот ќе бидат токму таблет компјутерите, каде најчесто работат најмногу по неколку апликации, па сите инструкции би можеле да се повикуваат директно од кешот.

Најверојатно првиот уред кој ќе излезе со Tegra K1 да биде Nexus 9 таблет компјутерот, кој истовремено е и првиот уред кој ќе доаѓа со Android L оперативниот систем. Ако на перформансите на Tegra K1 64 се додадат и тие на 192-јадрениот Kepler, можеби за прв пат ќе видиме Android таблет кој ќе може да му конкурира на iPad.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments