0 коментари 2 мин. читање 13 август, 2014

Samsung има сет за виртуелна реалност

Можно е Samsung да го презентира својот сет за виртуелна реалност веќе во септември, заедно со Samsung Galaxy Note 4. Сетот е наречен Project Moonlight и можеби ќе биде „едноставна кутија“ која ќе биде додаток за Galaxy Note 4, дозна The Verge.

Интересно, но при неодамнешното расклопување на Oculus Rift, iFixit пронајдоа токму дисплеј од Galaxy Note 3. Иако најверојатно уредот ќе има подобар дисплеј од Oculus Developer Kit 2, останува да видиме дали остаток од сетот ќе биде на задоволително ниво. Покрај леќите, сетот за виртуелна реалност од Samsung доаѓа со „копче“ за фокусирање и можност за поврзување со Micro USB со телефонот.

Неодамна и Google претстави своја картонска верзија на сет за виртуелна реалност. Google Cardboard доаѓа поеднакво едноставен со тоа што, покрај кутијата креирана од картон, уредот доаѓа со две леќи кои ја прилагодуваат сликата и магнет кој служи за контрола кога телефонот е во „куќиштето“. Со оглед на тоа дека претставувањето на телефонот е закажано за 3 септември, нема да мора премногу да чекаме пред да дознаеме повеќе податоци.

[youtube]wZXjoMMigJU[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top