Intel ги престави Rocket Lake-S гејминг процесорите

Image courtesy of Intel

Intel оваа недела ја претстави следната, 11-генерација процесори. Rocket Lake-S ќе биде наменет за љубителите на гејмингот и во оваа серија ќе има 19 нови процесори. Еден од квалитетите на 11-генерација во оваа серија е капацитетот за оверклок.

Серијата доаѓа со процесори од i5-11400T дo i9-11900K модели наменети за корисници со различни потреби, и поважно корисници со различен буџет. Она што Intel веќе го сподели е дека новите процесори ќе имаат 19% подобри перформанси во однос на процесорите од претходната генерација. Дополнително интегрираниот графички процесор нуди 50% подобри перформанси, но со оглед на тоа дека процесорите се за гејмери прашање е дали ова е потребна надградба.

Најмоќниот процесор во серијата Core i9-11900K доаѓа со 8 физички и 16 виртуелни јадра; максимална фреквенција од 5,3GHz; поддршка за 3200MHz DDR4 RАМ. Ова се всушност 2 јадра помалку од претходната серија и иста работна фреквенција. Причината за ова е што процесорите се дизајнирани за 10nm транзистори и потоа се портираат на поголеми 14nm транзистори.

Она што е поинтересно е што фокусот на овие процесори е гејмингот. Војната со AMD продолжува, но Intel сака да ги потсети купувачите на новите Mac компјутери на Apple, дека нема да се изнаиграат. Речиси истовремено со новите процесори можеме да видиме две нови реклами-споредби на MacOS и Windows компјутерите. Актерот Џастинг Лонг кој ќе го препознаете од „I am Mac“ рекламите овој пат има друга улога. Во потрага по споредба помеѓу гејминг на MacOS и Windows, дознава дека „Никој не гејма на Mac“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments