Новите Intel драјвери носат подобро Wi-Fi на Windows 10 и 11

во Вести

Intel издаде нови драјвери кои ги подобруваат квалитетот и перформансите на безжичното Wi-Fi и Bluetooth поврзување за дел од безжичните адаптери. Алатката за автоматска надградба на Intel веќе започна со преземање на потребните фајлови, а драјверите се достапни за преземање и на веб-сајтот на Intel.

Драјвери се сетови на фајлови со инструкции за начинот на комуникацијата на хардверот со оперативниот систем на компјутерот. Овие фајлови се потребни за сите компоненти од компјутерски глувчиња, до графички картички и принтери.

За дел од корисниците надградбата на драјверите на Intel сè уште не е достапна, но компанијата постојано тестира и додава нови уреди и конфигурации на кој ќе биде достапен драјверот. Засега за најголем дел од конфигурации и уреди, драјверот е во тест фаза. Штом завршат тестовите надградбата на драјверите ќе бидат достапна и за овие уреди.

Пакетот со драјвери 22.100.1 е достапен за следните безжични адаптери:

  • Intel® Wi-Fi 6E АX411,
  • Intel® Wi-Fi 6E AX211,
  • Intel® Wi-Fi 6E AX210,
  • Intel® Wi-Fi 6E AX201,
  • Intel® Wi-Fi 6E AX200,
  • Intel® Wireless-AC 9560,
  • Intel® Wireless-AC 9260,
  • Intel® Wireless-AC 9462,
  • Intel® Wireless-AC 9461;
  • Intel® Wireless-AC 8265 и 8260,
  • Intel® Wireless-N 7265(Rev. D),
  • Intel® Dual Band Wireless-AC 3165 и
  • Intel® Dual Band Wireless-AC 3168.

Со  новите надградби се поправени неколку пропусти кои предизвикува проблеми во Wi-Fi и Bluetooth безжичните мрежи на Windows 10 и Windows 11. Еден од пропустите кој сега е надминат предизвикуваше timeout на Wi-Fi поради „switch request“ на Access Point. Друг пропуст предизвикуваше 9260 и 9560 адаптерите да не можат да се поврзат на WPA/AES профил со претходната – 21.70.Х верзијата на драјверот.

За Bluetooth надградбата за дел од уредите ќе го подобри звукот во текот на телефонските разговори со некои од звучниците (soundbar). Дополнително, драјверот за Bluetooth доаѓа со безбедносни и функционални надградби.

Целата листата на промени може да ја прегледате овде.

Како да го надградите драјверот?

Најлесно е надградбата да ја направите преку алатката на Intel, „Intel Driver & Support Assistant“. Алатката е достапна за преземање од страницата на Intel. По преземањето и инсталацијата, софтверот автоматски ќе го анализира вашиот компјутер и ако има потреба ќе направи соодветни надградби. Дури и да има драјвер за адаптерот кој го поседувате можно е да треба да почекате неколку недели пред да биде широко достапен.

Друга можност е од сајтот на Intel да ги преземете драјверите и потоа самите да ги инсталирате. Драјверите се достапни за Windows 10 и Windows 11, но пред да ги преземете ако користите Windows 10 треба да проверите дали имате 32 или 64-битна верзија на оперативниот систем. За Windows 11 не треба да се грижите со оглед на тоа дека оперативниот систем има единствено 64-битна верзија.

Конечно може да не преземете ништо од ова. Ако новите драјвери се соодветни за вашиот хардвер може да оставите на Windows да ги преземе како надградба. Windows 10 и Windows 11 овозможуваат автоматска надградба на драјверите со Windows Update.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments