Новиот OS X Mavericks е бесплатен, a бесплатното е добро, вели Apple

во Софтвер

Apple ја претстави новата верзија на OS X 10.9 Mavericks и ќе го означи почетокот на бесплатен оперативен систем за Mac компјутерите. Mavericks е претставен на 22 октомври на пресконференцијата на Apple, заедно со новите верзии на iPad.

„Денес, трошењето на стотици долари за оперативен систем со кој ќе можете да добиете најмногу од вашиот компјутер завршува. Денес започнува нова ера за Mac. Најавуваме дека Mavericks е бесплатен. Бесплатното е добро.“, рече Крег Федергини претставувајќи го новиот оперативен систем.

*
Новата верзија на OS X ќе биде компатибилна со најголем дел од компјутерите на Apple кои се излезени по втората половина на 2007 година. Поточно iMac од 2007, MacBook Air крај на 2008-ти и Mac Mini од 2009 година. Доколку компјутерот го поддржувал Mountain Lion ќе ја подржува и новата верзија на OS X.

Mavericks доаѓа со низа надградби, но најважна се чини е дотерувањето на оперативниот систем и намалување на трошењето на батеријата. Со самата надградба, корисниците на Mac ќе добијата уште еден час работа од својата батерија, велат од Apple. Дополнително отсега може да се очекува подобар менаџмент со меморијата, компресирање на апликациите во неа и динамичка распределба на меморијата на графичкиот процесор во зависност од потребата, пишува Ars Technica.

„Станува збор за ‘се е вклучено’-стратегија. Apple вели зошто да наплаќаме уште 20 долари, оперативниот систем е дополнување на уредите. За екслузивната цена која ја плаќате за Mac ги добивате сите услуги.“, вели Езра Готеил за Computer World.

Ова е враќање назад за Apple, кон Mac OS 8 кој беше последниот бесплатен оперативен систем, а бесплатниот оперативен систем ќе ја зголеми довербата кај корисниците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
ехо
ехо
12 years ago

Бесплатно не значи и слободно, а тоа и не е толку добро како што Епл го претставува, бесплатно и слободно за мене е GNU/LINUX затоа и го користам.

stefan
stefan
12 years ago

Инсталиран, веќе два дена го користам и highly recommended!!!

@davcevski
12 years ago

Иако дизајнерски нема многу промени, а очекував повеќе, оперативниот е тотален WIN.

Неколку корисни работи додадени кои се користат во секојдневието и ќе ни го олеснат животот. (Keychain, Tabs во Finder, Тагови и пребарување по нив, AppNap, Бар на втор монитор и конечно добар experience на full-screen апликации).

Единствено ме нервира Докот, ако ти е наместен на страна премногу е бел и светли икони не се приметуваат. Мораат да направат редизајн на Докот под итно :).

За тоа што е FREE неочекуван потег, поздравен со овации :)))