4 коментари 2 мин. читање

Вредноста на Apple надмина 2 билиони долари

Apple е првата компанија чија вредност надмина 2 билиони долари. Претходно во август 2018 година компанијата беше прва која ја достигна вредноста од 1 билион долари. Во последните две години Apple ја удвои својата вредност, а тука е вклучен и периодот на криза во кој најголем дел од акциите на компаниите паѓаа.

Последните два дена откако ја објавија заработката за последното тримесечје, акциите на Apple рипнаа и компанијата ја надмина границата од 2 билиони.

Во целиот период на пандемија Ковид 19 акциите на Apple, Amazon, Alphabet, Microsoft и Facebook пораснаа 37 проценти. Акциите на преостанатите компании во топ 500 на берзата паднаа за 6 отсто, вели New York Times.

Мината недела Apple најави пакет на претплата за најголем дел од сервисите кои ги нуди компанијата. Ова е интересно за инвеститорите кои ги сакаат овие стабилни и долгорочни приходи. Секако најголем дел од приходите на Apple доаѓа од продажбата на телефоните, но работат и на нови канали за приходи.

Она што веројатно е и поимпресивно е дека Apple пред 21 година беше на работ на банкрот. Сепак со иновација и неколку супериорни производи компанијата денес е на врвот и Apple вреди 2 билиони долари.


Зошто билиони?

1.000.000.000.000 (милион милиони) или десет на дванаесетти степен ( 1012 ) според долгата скала која се користи во Македонија и разни други земји. Претставува износ илјадапати поголем од билионот на кратката скала (подолу), и износ истоветен на трилионот во таа скала. (Wikipedia)

Билион – Дигитален речник на македонскиот јазик

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top