0 коментари 2 мин. читање

Европа воведува построги правила за заштита на онлајн податоци

Предлог реформата на Законот за заштита на податоци предложен од Европската Комисија ја помина првата пречка, Комисијата за цивилна слобода, правда и внатрешни работи со 49 гласа за 1 против и 3 воздржани, ја поддржа промената.

„Гласот на водечката комисија во парламентот е јасен сигнал за Европа. Го одбележува патот за единствен и посилен закон за заштита на приватноста, кој ќе ги намали трошоците за бизнис секторот и ќе ја зајакне безбедноста на нашите граѓани: еден континент, еден закон“, вели заменик-претседателот на Европската комисија Вивиен Рединг.

[youtube]5ByVaZ0rg8U[/youtube]

Новиот закон ќе опфати повеќе области како друштвени мрежи, е-банкарство и сервиси за купување преку интернет. Голем дел од гигантите како Google, Facebook или Yahoo би можеле да добијат високи казни доколу го прекршат законот. Новите мерки ќе дозволуваат поригорозни казни за престапниците, казните ќе се движат од 100 милиони евра до 5 отсто од вкупната заработувачка, во зависност која од двете суми е поголема.

Најголем новитет во законот, доколку биде изгласан ќе биде правото на целосно бришење, што ќе значи отстранување на сите податоци на лицето од системот на компанијата, но и поднесување на барање за истото до сите останати компании со кои се споделени податоците, вели The Next Web.

„Ова гласање е важен чекор за заштита на податоците во Европа, обезбедувајќи дека правилата се во склад со дигиталната ера. Оваа легислатива воведува сеопфатни европски правила за заштита на податоците, заменувајќи ги сегашните национални закони на државите членки.“

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top