Нови шест македонски стартапи ќе добијат бесплатна обука од SuperFounders Skopje

во ИТ.МК

Стартува втората Start програма во која нови шест македонски стартапи ќе бидат бесплатно менторирани и обучувани од SuperFounders Skopje, со надеж дека ќе можат да станат вистински компании. Овојпат пријавените стартапи се малку поамбициозни од тие од првата рунда, со идеи за краудфандинг платформи до

„Иако SuperFounders Start беше прва пред-акцелерациска програма во Македонија, квалитетот на луѓето кои ги привлековме беше одличен. Дел од нив напредуваа многу со своите проекти низ програмата, сосема менувајќи го продуктот или бизнис моделот. Од нив, најмногу напредуваше Кире Галев со A-la-carte, кој минатиов месец беше селектиран и го презентираше својот проект на Balkan Venture Forum, каде што оствари контакт и доби совети од врвни ментори и инвеститори. Го очекуваме лансирањето на неговата A-la-carte апликација на пазарот во САД“, вели Александар Тасев, ко-основач на Balkan Venture Forum и StartupFounders Skopje.

Подолу се шесте стартапи кои влегоа во втората Start програма, кои ќе добијат бесплатни обуки од неколку истакнати ментори. Но, средбите на Superfounders иако се склоп од програмата, се отворени за Но, собирите на Superfounders иако се во склоп на програма, сепак се отворени за секој стартап ентузијаст кој сака да научи повеќе за бизнисот. Вообичаено собирите се случуваат секоја среда, но ќе треба да ги следите Twitter фидовите на StartupFounders за точните датуми. Ова се стартапите:

  • ArtUP сака да биде краудфандинг платформа за уметничката заедница, која за цел има да ја заинтересира јавноста за уметнички и културни проекти, и да ги ангажираат во креирање на културни проекти.
  • Rent-a-Bike сака да им обезбеди на професионалните бициклисти да изнајмуваат велосипеди маркирани со GPS сервис. Велосипедите ќе имаат и предодредени тури за покомплетно искуство.
  • e-Family сака да биде алатка за следење на членовите од фамилијата во реално време.
  • StartIntro ќе го нуди „првото претставување“ пред публиката, бизнис партнерите и друштвото со објавување на “love on a first site” импресии.
  • Charge Pal е онлајн и офлајн сервис за електрични велосипеди и луѓе кои сакаат со велосипед да патуваат до работното место.
  • Coordinate е интерактивна онлајн платформа за архитектура и дизајн.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
bitno li e
bitno li e
12 years ago

ххммм она што е проблем во сите написи слични на овој е дека се користи термин стартап сосема погрешно. Повеќето "стартапи" се на ниво на идеја (ППТ, неколку страни искуцани во ворд и сл.) во најдобар случај има и нешто сработено (искуцано ако се работи за софтвер, мобилна апликација ). Супер е идејата да се делат совети, да има менторски состаноци, но она што и недостига на македноската стартап сцена ако воопшто може да се зборува за сцена се пари. 2,3 мил ЕУР се НЕДОВОЛНО се било каков размрдување, а воопшто за нешто посериозно (ова во контекст на претходниот напис за Владата колку пари ќе потроши). Па 3 м……..врби чинат 300К ЕУР, а ние сакаме цела индустрија да развиваме со дури 2,3 мил ЕУР.

Би било супер да чуеме за барем 1 инвестиција во некои млади дечки од локален инвестититор или ангел.

Се дотогаш super founders е само добра вежбанка и светлосни години од акцелератор во вистинска смисла на зборот. Доколку не се обезбедат пари за дечките, па макар и ниеден од нив не успее, ќе си играме пред акцелератори, акцелератори и сл.

види ги сите огласи на kariera.it.mk