ИТ настан: Се организира нов DotA 2 турнир во Струмица; првите фази се онлајн

Dota 2 Macedonia организира нов турнир во Струмица, GEMplay Challenge Season 1. Првите фази на натпреварот се онлајн, а од четвртфиналето натпреварите се во живо, кога осумтте најдобри тима ќе играат во Струмица. Турнирот има групна и елиминациона фаза, 32 тима се распоредени во групи 4 групи по 8 тима. По завршувањето на меѓусебните натпревари, најдобрите четири тима од секоја група продолжуваат во осминафиналето кое се игра по систем Single Elimination. За четвртфиналните натпревари турнирот се сели во Струмица каде ќе се одржат сите натпревари во еден ден на 22 јуни.

Пријавувањето на турнирот е веќе започнато, за учество ќе треба да се „платат“ 5 ретки итеми од играта од тим т.е 1 редок итем од играч. Пријавувањата се започнати и ќе траат до 12.06.2014, а за да се пријавите треба да ја посетите Facebook страната на Macedonian Dota 2. Турнирот започнува ден по завршувањето на пријавите на 13.06.2014. Во групи ќе се игра една недела секој ден по 1 рунда. По завршувањето на групите ќе има пауза од 1 ден – 20 јуни, ќе биде слободен ден, а на 21 јуни ќе се изигра 1/8 финалето и ќе се дознае кои тимови ќе дојдат да се борат за наградата во Gaming Center Relic. Наградите за учесниците се следни 1 Место : 9000 денари + Бесплатно учество за LAN Турнирот во Август; 2 Место : 3000 денари; 3 Место : 30 rare ајтеми.

Турнирот ќе може да се изгледа и на Dota TV, а тикетот за следење чини 42 денари. Дел од натпреварите кои ќе се пренесуваат во живо и на TwitchTV каналот на Dota2Macedonia. Сите кои сакаат да се пријават како стримери т.е кастери за турнирот можат да се пријават преку веб на http://dota2.click-click.mk/contact/.

[youtube]bOyhyvEfmQo[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments