Samsung и официјално го претстави Galaxy S6 на Mobile World Congress во Барселона. Телефонот е значително подобар од претходникот, и овојпат првите прегледи на Galaxy S6 и Galaxy S6 Edge се преполни со пофалби за Samsung. И овој телефон повторно доаѓа со Edge екран, но за разлика од Note Edge телефонот, Galaxy S6 верзијата доаѓа со закривување од двете страни на екранот. Новитет, иако веќе не преголем, е металната рамка која за прв пат доаѓа и на Galaxy S серијата. Овојпат металот кој е употребен се користи и за изработка на авионски делови, што би требало да ветува дека телефонот ќе биде поиздржлив. Дополнителна заштита е и Gorilla Glass 4 на предната и задната страна.
Samsung Galaxy S6 доаѓа со нова генерација на екрани кои според Samsung имаат 77 отсто повеќе пиксели од претходниците, што е одговор за Retina екраните на Apple. Големината на екранот е 5,1 инч, резолуцијата му е 1440х2560 и 577 ppi. Tелефонот доаѓа со 16 МР задна камера со оптичка стабилизација и 5 MP предна камера. Телефонот доаѓа и со нов 64-битен, 14-наноментарски процесор, кој според проценката на Samsung e 20 отсто побрз од процесорот на Galaxy Note 4. Според слободниот простор ќе постојат 3 различни модели со: 32, 64 и 128 GB слободен простор, но за жал не постои можност за проширување со дополнителна мемориска картичка. Повеќе слободен простор се добива со Microsoft OneDrive кој на корисниците им нуди 115 GB. Батеријата се полни до 50 отсто од својот капацитет за само 10 минути и телефонот може да работи 4 часа без повторно полнење.
[youtube]raAoYFrIm0I[/youtube]
Можеби вистинското прашање е дали Galaxy S6 е доволен да и се спротистави на конкуренцијата. Apple со iPhone 6 и iPhone 6 Plus оствари рекордна заработка, а без сомневање на истото се надева и Samsung. Јужнокорејскиот гигант очекува дека новата серија телефони ќе успее да го намали падот во заработката од 32 отсто забележан минатата година. Покрај Apple серизна конкуренција за Samsung сега се и Xiaomi и Lenovо кои ја отежнуваат продажбата на евтини телефони во Азија со своите уреди. Продажбата на двата уреди започнува на 10 април, повеќе податоци како и цената ќе бидат откриени подоцна.
[youtube]CnYtWWDor2s[/youtube]







