Новиот кампус на Apple се гради на големо. Компанијата во него инвестира околу 5 милијарди US долари, и е едно од последните дела на Стив Џобс. Тој самиот изглед на објектот го опиша „како да слетал вселенски брод“.
Проектот е на Норман Форстер, британски архитект кој дојде на барање на Стив Џобс. Главната и придружните згради треба да „вдомат“ 13.000 вработени на Apple. Освен дискот кој е најзабележителен, комплексот има подземни гаражи, аудиториум со над 1.000 седишта, хали за вежбање. Речиси целиот простор на површината е слободен за прошетки и велосипедски возења.
Зградата во целост ќе се напојува од обновливи извори на електрична енергија. Кровот на кампусот ќе биде најголемиот покрив изработен од соларни панели, јави Recode.







