„Вселенскиот брод“ на Apple е речиси готов
Новиот кампус на Apple е речиси готов. Apple Campus 2, популарно наречен вселенски брод, има уште дел од работите кои треба да се завршат. Сепак, веќе се гледа конечниот изглед на седиштето.
Новиот кампус на Apple е речиси готов. Apple Campus 2, популарно наречен вселенски брод, има уште дел од работите кои треба да се завршат. Сепак, веќе се гледа конечниот изглед на седиштето.
Нови снимки направени со дрон од новиот кампус на Apple покажуваат дека изградбата е во завршна фаза. Според плановите на компанијата, Apple Park треба официјално да биде отворен овој месец. Футуристичката зграда во целост ќе се напојува од обновливи извори.
Новиот кампус на Apple се гради на големо. Компанијата во него инвестира околу 5 милијарди US долари, и е едно од последните дела на Стив Џобс. Тој самиот изглед на објектот го опиша „како да слетал вселенски брод“. Проектот е на Норман Форстер, британски архитект кој дојде на барање на Стив Џобс. Главната и придружните […]
Највредната ИТ компанија во светот, Apple, претстави нови фотографии со висока резолуција од планираниот кампус кој треба да биде готов во 2015 година. Кампусот ќе има футуристички изглед, поточно ќе биде како летачка чинија, и ќе се наоѓа на неколку минути од сегашните главни канцеларии на Apple во градот Купертино. Кампусот, кој сега го носи […]