Европа нема намера да забави кога прекршоците на Apple се во прашање. Европската Унија објави дека ги известила претставниците на Apple дека гео-блокирањето кое го користат e во спротивност со актите за заштита на потрошувачите во Европа. Оваа вест доаѓа само една недела откако Унијата објави дека Apple ги прекршил правилата на Уредбата за дигитални пазари (DMA).
App Store, Apple Arcade, Music, iTunes Store, Books and Podcasts ги дискриминираат европските корисници во зависност од местото на престој. Ова не е во согласност со законите во Европа, и Apple повторно би можел да биде казнет. Според мрежата за заштита на потрошувачите во ЕУ (CPC Network), ова е во спротивност со Geo-blocking регулативата и Директивата за услуги. Овие уредби забрануваат неоснована дискриминација врз основа на националност или место на престој.
Корисниците се соочуваат со ограничувања при пристап, избор на начин на плаќање и преземање апликации. Тие според законите на ЕУ, треба да биде достапни во која било членка на ЕУ или ЕЕА без разлика на државата каде што е регистриран нивниот Apple профил.
Онлајн пристап: Apple Media Services имаат различен интерфејс за различни земји во ЕУ/ЕЕА. Во верзијата на апликацијата на овие услуги, на потрошувачите им е дозволен пристап само до интерфејсот направен за земјата каде што ја регистрирале својата сметка на Apple и се соочуваат со значителни предизвици кога се обидуваат да го променат ова, што не е дозволено според правилата за антигео-блокирање на ЕУ.
Начини на плаќање: За плаќање на Apple Media Services, на потрошувачите им е дозволено да користат само средства за плаќање (како кредитна/дебитна картичка) издадени во земјата каде што ја регистрирале својата сметка на Apple.
Преземање: бидејќи App Store не им дозволува на потрошувачите пристап до верзијата на друга земја на ЕУ/ЕЕА, на потрошувачите не им е дозволено да ги преземаат апликациите понудени во други земји. Потрошувачите треба да можат да преземаат апликации понудени во други земји на ЕУ/ЕЕА кога патуваат или привремено остануваат во таа земја.
Истрагата, водена од надлежните национални тела на Белгија, Германија и Ирска, е координирана од Европската комисија. CPC Network бара Apple да ги усогласи своите практики со правилникот за гео-блокирање и да ги отстрани овие ограничувања. Apple има еден месец да одговори на наодите и да предложи мерки за корекција. Во спротивно, можни се дополнителни казни и санкции.
Сега Apple има еден месец да ги отстрани причините за забелешките на претставниците на ЕУ. По ова компанијата веројатни ќе треба да плаќа казни.
Минатата недела беше објавено дека Apple наскоро би можел да ја добие првата казна поради прекршување на Уредбата за дигитални пазари (DMA), која има за цел да ги направи дигиталните платформи поконкурентни и поправедни за корисниците. Ова не е првпат Apple да се соочи со казни од страна на Европската унија. Компанијата оваа година веќе плати казна од 1,8 милијарди евра за прекршувања поврзани со услугите за стриминг на музика.
CPC Network се состои од национални тела за заштита на потрошувачите од сите 27 членки на ЕУ, како и од Норвешка и Исланд. Со телото координира Европската комисија.