Нов фонд ќе инвестира 140 милиони долари во европски стартапи

во ИТ.ЕУ

VC Mosaic Ventures отвори нов инвестициски фонд преку кој ќе внесат 140 милиони долари во европските стартапи. Фондот доаѓа од големи американски финансиски институции, меѓу кои Horsley Bridge Partners, и ќе биде наманет за да ги поддржи стартапите во почетно Seria А финансирање во стартапи во рана фаза, кои веќе имаат некој инвестициски капитал, пренесува Inventures.eu.

Според постот на Medium, „приказната за Mosiac“ ќе биде продолжена во Европа бидејќи постои потенцијален пазар, кој наликува на Силициумската долина. „Како во Силициумската долина, повеќето од претприемачите се емигранти или прва генерација. 37 отсто од граѓаните на Лондон се родени надвор од Британија, во Стокхолм живеат 27 отсто не-швеѓани, а во Берлин има 15 отсто не-германци кои привлекуваат интерес од други емигранти“, велат инвеститорите. Ова придонесува Европа да биде пошироко поле за иновации, и веќе има 200 европски стартапи кои се продале за над 100 милиони долари во последната декада. Има уште 150 кои се вреднуваат на 100 милиони долари.

Фондот ќе го водат Мајкл Чалфен, Тоби Копел и Симон Леване кои имаат претходно искуство со инвестирање во Alibaba, Etsy, Criteo и други компании. Првата инвестиција од овој фонд беше во берлинскиот NumberFour, кој собра околу 40 милиони долари минатата година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk