Ello дефинитивно не е „убиец“ на Facebook… или можеби е?

Ello е нова друштвена мрежа која ги подели мислењата. Mрежата, уште во бета фаза, добива на популарност, и според неа, околу 40.000 бета тестери секој час, бидејќи нуди поголема приватност од Facebook. Дополнително, Ello ќе биде мрежа без реклами. Тоа ќе значи дека нема да ги собира корисничките информации за да ги продава на огласувачите, а парите ќе ги прави преку freemium модел со функционалности кои ќе се плаќаат.

Facebook, како што знаеме добро, е гладен за сите наши податоци, па воопшто не е чудно што оваа мрежа побара од сите нас да се пријавуваме со нашите вистински имиња, иако тоа предизвика незадоволство од многу корисници и заедници меѓу кои и ЛГБТ -заедницата, пред се поради членовите трансексуалци, кои не чувствуваат дека нивното име е нивен вистински идентитет. Незадоволните членови заминаа од Facebook, а дел од нив своето место го пронајдоа во Ello која во својот „манифест“ вели дека нема да ја наруши приватноста на корисниците доколку успеат да останат на „позитивна нула“ продавајќи им дополнителна функционалност на корисниците. Најголем дел од овие функционалности ќе овозможат дополнителна персонализација.

Но, иако Ello вели дека „корисниците не се продукт“, сепак си има проблеми бидејќи, како што пишува PC World, мрежата нема опции за приватност. Сите профили се јавни. Тука е и лошиот дизајн и идејата дека нема да прават пари од реклами, што на крај може да се промени, кога мрежата ќе излезе од бета со еден куп корисници. Можеби дизајнерот Арал Балкан е во право кога вели дека не треба да и се верува на мрежа во која огромен удел имаат инвеститори што очекуваат да добијат нешто назад.

Mногумина, пак, велат дека Ello сепак е мрежа за niche публика.

„Ello ме потсетува на микс помеѓу Tumblr и Google +. Фокусиран на сликата, со големи слики, претставени на голем дел од екранот (особено на помалите уреди), текст (иако не многу), коментари и прегледи. Прегледувајќи по Ello, исто така, се чувствува како одење во комуна на уметници: Погледнете го ова парче дрво. Зарем не е убаво? Само малку го засеков, но ја оставив неговата природата непроменета. Ајде да погледаме некое време. Со оглед Еllo е создадена од уметници (и програмери, се разбира), ова не е изненадувачки“ вели Mashable потсетувајќи дека Ello сепак нема да го замени Facebook.

За среќа далеку подобар прием Ello доби од Guardian кои велат дека „Не сме повеќе Интернет новороденчиња. Можеме да си изградиме убави куќи доколку не сме презафатени гледајќи во огледалото во соба во која се е обоено сино, но не смеете да го допрете. Можеби Ello не e тоа (замена на Facebook). Но станува јасно дека тинејџерските години се зад нас и подготвени сме да се преселиме“.

Дали сте вие заситени од Facebook? И дали планирате да се префрлите на Ello… или веќе ги префрливте вашите друштвени активности на Instagram, Pinterest, Twitter, Tumblr…?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk