Купен за 1,5 милијарди долари пред дванаесет години, PayPal ќе остане во сопственост на eBay. Но, oд 2015-та година ќе биде одвоена компанија со која ќе се тргува на берзата. Идејата, според eBay, е да „се капитализира на можностите за раст на двете компании во се побрзо растечкиот свет на трговија и финансиски услуги, и ова е најдобар начин да се креира вредност за акционерите“.
Со други зборови, делењето на големи компании во последните години е во мода, пишува New York Times, бидејќи значи и поедноставено водење на компаниите, и поголем фокус на важните операции. eBay верува дека ова ќе им ја зголеми вредноста на акциите на двете компании, и ќе привлечат повеќе инвеститори за да се „движат напред“.
Иднината на PayPal, кој процесира 203 милијарди долари од 153 милиони корисници од 203 земји, вклучувајќи ја од неодамна и Македонија, ќе биде во мобилното плаќање. Aналитичарите велат дека одделување на PayPal од еBay ќе му даде шанса на финансискиот сервис да се натпреварува со новите сервиси како Apple Pay или AliPay на Аlibaba. Се очекува во САД мобилното плаќање да генерира 3,5 милијарди долари во 2014-та година, и таа бројка да порасне во 118 милијарди долари до 2018-та година.
[…] are seeing this because your blog was recently used as part of a DDOS attack against […]