Nissan ќе ги претстави своите автономни возила до 2020 година. Компанијата е подготвена да започне со тестови на возилата, а како прва дестинација ја избра Јапонија. Дозволата која им ја издадоа јапонските власти е прва од ваков тип во земјата.
Автомобилот кој ќе се користи во тестирањето е електричниот Nissan LEAF, се разбира, со додадена опрема за автономно возење. Дел од опремата која ќе ја тестира компанијата во автономните возила веќе е имплементирана во ексклузивните модели на Nissan. На пример, центрирањето на возилата во лентата во која возат или контрола на брзината веќе се применуваат, но автономни промени на лента, поминување на побавни возила или застанување на црвен светло на семафор без асистенција на возачот ќе бидат тестирани за прв пат.
„Ова е обична регистрација за супер возило… Пред еден месец објавивме дека 2020-та е нашата целна година за автономни возила. Тестирањето на технологијата на патиштата е клучно за зачувување на лидерската позиција. Благодарни сме на поддршката која ни ја покажува владата на Јапонија.“, вели претседателот на Nissan, Карлос Госн.
Таблицата со која ќе вози првиот автономен Nissan е симболична „20-20“ и ја потенцира годината за која компанијата ги најавува првите вакви возила.
[youtube]WXPgn12_Hus[/youtube]







